Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕМА: Нема ограничувања за АстраЗенека

0
By Нова ТВ on April 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и згрутчувањето на крвта, јави дописничката на МИА од Брисел.ЕМА меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите од вакцината и натаму се поголеми од ризиците. Експертите од Агенцијата семтаат дека мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за „Астра Зенека“ ќе бидат актуализирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.– По продлабочена студија комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со АстраЗенека треба да биде вклучено како можен нус ефект, изјави Имер Кук, претседателка на Европската агенција за лекови.

За сега начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен, една од можните причини е дека се случува имунолошка реакција слична на таа што се случува кај пациенти третирани со хепарин.Ризикот од тромбоза по АстраЗенека може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид, меѓу другото.

Доктор Сабине Штраус од ЕМА повика вакцинираните лица да ги информираат брзо и детално здравствените работници за можни нус појави за да се помогне во натамошната анализа на оваа и другите вакцини.– Лицата кои мислат дека преживуваат нус појава треба што е можно подетално да пријават, рече Штраус.Во овој момент стапката на пријавување на нус ефекти е еден на 100 илјади во Германија, додека во Обединетото Кралство е околу еден на 600 илјади, што е можно објаснување и за тоа зошто помалку случаи на тромбоза се пријавени во оваа земја.

– Многу зависи од тоа каков е системот на пријавување во секоја земја, и како се идентификуваат случаите, знаеме дека во Германија е направена огромна работа во овој дел, таму стапката е еден на сто илјади, додека во Обединетото Кралство стапката е многу пониска, додаде Штраус.

По оваа прес-конференција ЕМА ќе разговара со здравствените власти во сите земји од ЕУ за вакциналните стратегии, но секоја членка сама може да одлучи како понатаму ќе вакцинира со дозите на оваа компанија и дали смета дека треба да се ограничи вакцинацијата на одредени групи од населението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.