Тениската ѕвезда Енди Мареј и неговиот тренер, поранешниот шампион, легендата Иван Лендл се решија да ја раскинат двегодишната соработка, која му помогна да триумфира на неколку Гренд слема.
Мареј го освои олимпиското злато во 2012 година, а потоа и две гренд слем титули за време на нивната соработка.
-Вечно сум му благодарен на Иван за сета негова напорна работа. Научивме многу како тим и тоа ќе ми биде голема придобивка во иднина, изјави Мареј.
Лендл рече дека е време да се “концентрирам на некои од моите сопствени проекти, вклучувајќи и играње на повеќе настани во целиот свет”.
Тренерот кој е роден во Чешка, неодамна играше егзибициони натпревари во САД и во Лондон.
Тој додаде: “Работата со Енди во текот на последните две години беше фантастично искуство. Тој е прва класа момче.
Извор: Би-Би-Си