Премиерот Груевски денеска се сретна со Роберт Секута, главен заменик помошник на државниот секретар за енергетика на Соединетите Американски Држави.
На средбата станало збор за соработката во областа на енергетиката помеѓу Македонија и САД.
-Беа разменети мислења и информации за поголем број на енергетски проекти и опциите и перспективите за нивна понатамошна имплементација, како и .можностите за соработка на полето на инвестициите во енергетиката и обезбедувањето на извори на средства за реализација на енергетски проекти, се вели во соопштението од Секторот за односи со јавноста на Владата.