Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енергетскиот пазар како “рај” за корупција

0
By Светлана Јовановска on June 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2012 година македонската Комисија за заштита на конкуренцијата отвори случај против четири фирми кои тргувале со електрична енергија и за кои постои сомневање дека креирале картел за да можат да ги диктираат цените на струјата во нивното јавување на тендер истата таа година. Подоцна истата година царината обвини три фирми кои тргувале со струја дека не плаќале царина и се служеле со повеќе методи да за избегнат даноци. Досега овие случаи не се разјаснети и, според изјавите на официјални лица, судските процедури се се уште во тек.

Ова е кус опис на еден македонски случај кој најде место во извештајот под наслов “Кој има корист од корупцијата на високо ниво во енергетскиот сектор во југо-источна Европа?” а чии автор е мрежа на 17 невладини организации од Балканот (од кои три се од Македонија) наречена Политика на одржлива енергија на југо-источна Европа. Извештајот беше објавен денес во Брисел.

Помеѓу српскиот случај Колубара и хрватскиот ИНА-МОЛ кој го одведе Иво Санадер во затвор за мито од 10 милиони евра, авторите на текстот се задржуваат на македонскиот случај.

Во јануари 2012 година бил објавен тендер за увоз на струја. Македонскаа влада побарала од ЕЛЕМ да ја даде целата тендерска документација во Комисија за заштита на конкуренцијата на контрола. Така во март 2012 година Комисијата поднела тужба за четири фирми за кои постоело сомневање дека го прекршиле законот со тоа што се договориле за цените пред да излезат на тендер.

Комисијата сметала дека постои разумна основа за сомнение против четири компании – ГЕН-1, Руднап Груп, Еспада и ЕФТ – дека се договориле за цените и со тоа добиле приоритет на тендерот. Компаниите ги одбиле овие сомневања.

Во извештајот како интересен момент се споменува завршувањето мандатот на Чедомир Краљевски кој бил претседатела на Комисија за заштита на конкуренцијата и тоа во април 2012 година, неколку седмици по објавувањето на случајот. На јавноста не и беше објаснето зошто е прекинат мандатот на Краљевски. Случајот од Македонија е се уште отворен и не е одлучено дали некој е виновен или не.

Според Гарет Танкосиќ-Кели од мрежата невладини организации која е автор на извештајот станува збор за трговија со енергија и во него се вмешани повеќе трговски фирми а случајот го отворила институција на владата.

“Слушнав дека човекот кој одлучил да го отвори случајот е тргнат од својата функција шест недели по отворањето на случајот, не знам дали е коинциденција и дали е вистина”, вели тој.

Тој објаснува дека за многу случаи во регионот постојат шпекулации за сомнение за корупција.

“Македонија е еден од тие случаи. Не можеме сето тоа да го објавиме затоа што се плашиме дека ќе не тужат. Знаеме дека трговците со енергија и владите исто така редовни тужат. Штом ги обвините за корупција првата работа што ја прават е закана до новинарите и невладините и потоа тужат. Трета работа е што прават се за да ве дискредитираат. И тоа е така насекаде во регионот. Креираат клима на страв. Затоа сме многу внимателни за кои случаи се одлучуваме за зборуваме. Ако навистина го напишеме она што се случува во секоја од земјите од регионот би можеле да напишеме цела Библија и Куран со шпекулации за настаните со прецизни имиња врзани со редица роднински врски – браќа, сестри, вујковци и огромните пари што ги примаат. Но бидејќи помеѓу судството и владата нема празен простор тешко е да се дојде до сериозна истрага”, објаснува Танкосиќ-Кели.

Според овој извештај на Балканот во наредните 8 до 10 години се планирани енергетски инвестиции од 30 милијарди евра. И веќе постојат стравувања дека со планираните инвестиции ќе расте и корупцијата. Според податоците околу 20 отсто од енергијата на Балканот е “изгубена или украдена” така што регионот е далеку понеефикасен во оваа област од земјите на ЕУ.

Сепак, со пресудата за Санадер постои надеж дека и другите балкански земји ќе го следат овој пример и дека во регионот наскоро ќе има и други пресуди за корупција во енергетскиот сектор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.