Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енис Барди (Bardhi)

0
By Ана Василевска on December 15, 2023 СТАВ
Сефер Тахири
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СЕФЕР ТАХИРИ

На 20 ноември, на денот кога беше натпреварот меѓу Северна Македонија и Англија, во Тирана играа Албанија и Фарските Острови и воедно се одбележа пласманот на албанската држава на Европското првенство во Германија. Вистинска фудбалско –етноромантична еуфорија. Типично за Балканот, каде што на чуден начин се поврзуваат спортот и историјата (политиката).

Заедно со мојата сопруга, Арта и нашиот 10 годишен син Дрен, немавме дилема дека ќе одиме да го проследиме натпреварот на Градскиот стадион. Додуша, за волја на вистината, му го исполнивме ветувањето дека ќе може да ги види фудбалерите на Англија. Негов миленик е Белингхам, фудбалерот кој со своите докажани способности како да е надреален.

Во лифт, се среќаваме со еден наш поранешен колега. На разидување ни рече „Дај боже да победуваат тие“, значи Англија, ама го кажа на суптилен начин да не го разбере Дрен. Не, не се чудете! Кога игра Северна Македонија против другите држави, голем број Албанци навиваат за противникот. Демонстрирање на еден вид нелојалност кон државата, заради дискриминаторскиот систематски однос кон неговите граѓани, кои имаат поинаква припадност од мнозинскиот македонски народ.

Стигнавме на стадион, среќни и радосни, што одблиску ги гледаме светските фудбалски великани, кои беа вистинска атракција, особено за децата.

Се интонира химната! Фудбалерите, но и навивачите со етничка албанска припадност заради почит гордо стоеја, но не ја пееја. Таа со ниеден збор не ги спомнува Албанците и нивниот придонес за државотворноста. Имаше и громогласен аплауз од целата публика, кога се истакнуваа имињата на фудбалерите, без разлика дали се Албанци или Македонци. Редок момент во земјата, кога граѓаните се едногласни.

И ете пенал! Топката ја зеде Барди (Bardhi), шутираше и по првото бранење на англискиот голман, даде гол. Вистинска експлозија на целиот стадион. Славеа сите: Македонци и Албанци, муслимани, христијани и атеисти, вмровци, сдсмовци, дуиовци, алијансовци, бесатари, алтернативци, демократи, веројатно и „левичари“ (тие се најголемите десничари).

До нас седеше едно дете, кое немаше повеќе од 15 години! После голот, се изнервира и гласно почна да го искажува револтот „Каква е оваа македонска репрезентација, во неа има само шиптари, мрш во Албанија“ (Се извинувам за употребата на терминот, но го цитирам директно, за се отслика стварноста). Неговиот татко се обиде да го смири и во еден момент му рече „Доста, срамота е, гледај, блиску ти се“ (демек ние, Албанците). Не му кажав ништо, само ми беше жал за детето, но и за мојот син, за сите! Сакав на таткото да му кажам дека детето не се едуцира интеркултурно на стадион. Но таквиот однос не е само резултат на родителите. Голема улога за неговата реакција веројатно има и неговиот учител/ка, а и дел од моите „колеги новинари/ки“ со нивниот етнонационалистички дискурс.

Додека младиот дечко ги пцуеше „шиптарите“ Енис Барди (Bardhi), лавовски се бореше за боите на репрезентацијата, заедно со Елиф Елмас и другите фудбалери, кои го играа, веројатно еден од најубавите мечеви на државната репрезентација. Балкански парадокс!

Енис Барди (Bardhi) e патриот, вистински патриот, кој си ја сака својата држава, се бори за неа, придонесува херојски и со љубов, а кога дава голови, радоста ја споделува и со навивачите кои не се баш расположени позитивно кон Албанците: комити, чкембари, мајмуни, лозари, војводи, гемиџии и кои често извикуваат „Македонија на Македонците“! Лажни патриоти. Вистинските, со дела докажуваат дека „Македонија е на сите граѓани“.

Енис е европеец, има современи цивилизациски сфаќања, и дава сè што може најдобро за државата и не чека „државата да прави нешто за него“. Така треба сите да придонесуваме, така ќе одиме напред.

Верувајте, во земјата не е лесно да си Енис Барди. Полесно е да си Јасир Асани, главниот фудбалер, кој практично ја однесе Албанија на Европското првенство, а е со потекло од село Батинци, скопска општина Студеничани.

Додека го читате овој текст, сигурен сум дека, дел од Македонците, велите „Како да не, Албанците можат да бидат патриоти во библиската земја“! А дел од Албанците велите „Како да не, ќе нè убедиш да ја сакаме Северна Македонија повеќе од матичната Албанија“.

Дел од македонските националисти често им велат на Албанците „Еве ви ја Албанија“, а во Албанија им велат „Ја имате својата држава“. Затоа, повикувам сите да бидеме како Енис Барди (Bardhi)!


Текстот е личен став на Авторот.
Мултикултура национализам СЕФЕР ТАХИРИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.