Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ентропија / Nomen est omen

0
By Zoran Ivanov on December 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 23, 2025 09:57

Сладоледот се мери со поглед, не со паричник, … И во таа колотечина, некој ќе ти каже – поголема минимална плата ? Нема да има. Нема пари. Нема за земјоделците, нема за пензионерите. Навикнете се. Ова е реалноста. Само што, чудо едно, за некои секогаш има пари. Има за договори, има за тендери, има за „економски работници“ што не се мигранти, туку убаво спакуван поим за нешто што не сакаме да го наречеме со вистинското име. … И додека ние плаќаме, некој друг расте. Тивко, ненаситно, без срам. Како кукавичје младенче во туѓо гнездо. Името кажува се`.

Жанета Ќосе

Ја знаете природата на птицата кукавица која никогаш не гради свое гнездо. Таа нема потреба од тоа. Попросто и е да го искористи туѓото, да го остави своето јајце таму каде што некој друг вложил труд, време и грижа. Потоа природата си го прави своето, младенчето расте побрзо, јаде повеќе, зазема повеќе простор и, без многу филозофија, ги исфрла останатите од гнездото. Сурово, но ефикасно. Биологија, би рекле. Кај нас, меѓутоа, тоа одамна престана да биде биологија. Кај нас тоа е модел на управување.

И сите молчат, но јас нема да молчам. Не затоа што сум похрабра, туку затоа што ми е преку глава. Протестирам, не од навика, туку од немоќ. Протестирам затоа што гледам како лагата се продава како политика, како визија, како стратегија за иднината. Протестирам затоа што никој не станува и не вели „лажеш, човеку“. Не по десет години, не во историски ревизии, туку веднаш, во истата секунда, додека лагата уште не стигнала да се вгнезди во туѓата глава. Десетина пати изречена лага дека ќе се повлече од функцијата, ќе ја напушти фотелјата ако се докажело дека лаже…

А кај нас, кога лагата еднаш ќе се вгнезди, таа станува факт. Јавноста памети, но памети селективно. Памети слогани, памети пароли, памети реченици што убаво звучат во кафеана. „Ако не знаеш што било…“, па под тоа „што било“ се подметнува се и сешто, од полувистини до чиста лага. И никому ништо. Сите се прават дека тоа е нормално. Како што е нормално кукавицата да фрли туѓо младенче од гнездото. И кога ќе се докаже дека е лага, да дефокусира и да се надева на заборав.

Политиката, барем на хартија, треба да биде одговорна работа. Зборот на политичарот не е муабет на клупа пред зграда. Со зборот се формира мислење, се создава атмосфера, се лепи страв или надеж. Злонамерната лага во јавниот простор не е грешка, туку е карактер. Таа е огледало на душата на оној што ја изговара. И кога би постоела навика на моментална реакција, на вербална шлаканица составена од факти, можеби некој и би размислил пред да отвори уста. Но кај нас, шлаканиците се чуваат за обичните луѓе. Политичарите се штитат со ракавици, за рацете да им останат нежни. Посебно од платениците кои заборавиле да бидат чувари на јавниот интерес.

Политичкиот морал и политичката свест кај Македонците се некаде длабоко под земја. Толку длабоко, што веќе не знаеме дали се закопани и дали некогаш воопшто постоеле. Општеството е идеолошки распаднато, поделено на табори што меѓусебно не разговараат, туку се дофрлаат со пароли. На изречените лаги не се реагира веднаш, тие лебдат во воздухот, полека паѓаат и се лепат таму каде што најмалку треба, во главите на младите, на тинејџерите што лесно се палат, што бараат едноставни одговори за сложени прашања.

И додека ние така молчиме, кукавиците си летаат над нашите глави. Фрлаат туѓи животи од гнездото, а младенчињата, оние што немаат партиска книшка или врски, одлетуваат некаде каде што воздухот е почист. Таму каде што нема кукавици. Или барем не вакви.

И тогаш се сепнувам од прашањето што ме прогонува со години – кога, по ѓаволите, го преспавме моментот во кој се создадоа расипаните богаташи ? Не зборувам за претприемништво, за ризик, за работа. Зборувам за трулеж. За богатство што мириса на скапано. Нема врска образованието, полот, националноста. Само смрдеа. Како обичен човек, со обична плата, може да изгради куќа што се продава за милион евра ? Како стан на Водно достигнува цена од половина милион евра, а сопственикот до вчера бил „обичен граѓанин“ ? И сите потврдуваат со глава, како тоа да е природен процес, како дожд или снег.

Секојдневието на обичниот човек, оној што го среќавате во градскиот превоз, пред пешачки премин или меѓу рафтовите во продавница, се движи по ист шаблон. Денот почнува со трчање, продолжува со работа и завршува со замор. Градинка, па училиште, и постојана пресметка во глава дали платата ќе издржи до последниот ден во месецот. Пари што секогаш недостигаат, дури и кога на хартија изгледа дека ги има доволно. Штедењето станува навика, речиси морал. Се купува најевтиното, на попуст, храна со сомнителна историја и краток рок на надеж. Културата останува луксуз – киното и театарот се за некои други. Остануваат киријата, ратата и сонот што постојано се турка за „некогаш“.

Одморот е ретка привилегија, морето постои повеќе како фотографија отколку како искуство. И кога ќе се замине некаде, тоа е броење денови и пари, одмор што повеќе троши отколку што одмора. Сладоледот се мери со поглед, не со паричник, а лежалката на плажа вреди колку цел работен ден. Потоа пак есен, училишни списоци, нови сметки и вечната дилема како да се направи зимница со празен џеб. Така, малку по малку, преживувањето престанува да биде фаза и станува начин на живеење.

И во таа колотечина, некој ќе ти каже – поголема минимална плата ? Нема да има. Нема пари. Нема за земјоделците, нема за пензионерите. Навикнете се. Ова е реалноста. Само што, чудо едно, за некои секогаш има пари. Има за договори, има за тендери, има за „економски работници“ што не се мигранти, туку убаво спакуван поим за нешто што не сакаме да го наречеме со вистинското име.

Законите се менуваат тивко, термините се адаптираат, реалноста се прикрива. Денес се гости, утре работници, задутре граѓани. Договор си е договор, велат. А буџетот ? Во буџетот фали само една милијарда евра. Само. Ништо страшно. За владејачките елити тоа е ситница. За обичниот човек тоа е недостижна сума од која зависи дали ќе има плата, пензија или лекови.

И тука некаде, наместо поетски прашања, одекнува една постара, побрутална мисла. Русо одамна напишал дека првиот човек што оградил парче земја и рекол „ова е мое“, и нашол доволно наивни луѓе да му поверуваат, го основал граѓанското општество. Оттаму па натаму, се е само техника, договор и сила. Ние денес живееме токму во таа ограда.

И додека ние плаќаме, некој друг расте. Тивко, ненаситно, без срам. Како кукавичје младенче во туѓо гнездо. Nomen est omen. Името кажува се.

 

 

 

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.