Како да се спречат младите да не почнат да пушат е прашањето на кое се обидува да оговори Европскиот парламент (ЕП) со новите мерки кои беа усвоени деновиве. Според Комитетот за здравство на ЕП, предупредувањата за опасностите на цигарите треба да покриваат, во слики, 75 отсто од кутиите цигари и да ги спречат пред се младите да пушат.
Според статистиките 29 отсто млади се пушачи што е опасна бројка.
Освен тоа долгите и тенки цигари со дијаметар помал од 7,5 мм повеќе не треба да се произведуваат исто како и цигарите со вкус на ментол или овошје кои главно ги пушат жените. Кутиите со 20 цигари исто така треба да бидат забранети како и цигарите ултра лајт кои наведуваат на помислата дека нивната штетност е помала.
Од моментот кога дојде до предлогот на Европската комисија во оваа насока, евро-парламентарците беа цел на лобирање од страна на здравствените организации но и од тутунската индустрија. Оттука, европарламентарците се задоволни што успеаа да го изгласат предлогот и покрај 1360 амандмани кои беа поднесени преку пратеници кои биле цел на лобирањето на тутунската индустрија која се обидела да го спречи донесувањето на текстот.
Според тутунската индустрија добро е да се има превенција во борбата со пушењето, но тие сметаат исто така дека овие мерки ќе затворат многу работни места во Европа и ќе донесат до фалсификување на цигарите со што ќе се намали сумата на даноците што ги плаќаат пушачите со купувањето цигари.
Текстот на ЕП треба да биде усвоен во септември а потоа ЕП и земјите членки ќе се обидат да дојдат до договор со кој мерките ќе можат да се преточат во законски текст во ЕУ.