Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП: Бугарските барања немаат врска со критериумите за членство на ЕУ

0
By Нова ТВ on December 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Холандската европарламентарка  Стрик Тенеке на расправата денес во Европскиот парламент ги повика земјите членки да почнат да ги почитуваат критериумите за членство во ЕУ , а не да ги користат за свои потреби. Тоа според неа е лош преседан нагласувајќи дека бугарските барања  немаат никаква врска со условите за почнување преговори со ЕУ, поради што треба што побрзо да биде тргнато ветото.

Таа практично беше една од мнозинството европарламентарци кои немаа разбирање за барањата на Бугарија што ги испровоцира Ангел Џамбаски и Александар Јорданов (вториот иако зборуваше како преставник на групата ЕПП)  да излезат со веќе излитените конструкции што можат да се продадат евентуално на европската сцена – наводно неисполнување на Договорот за добрососедство, говор на омраза од наша страна, проруско и просрпско влијание, фалсификување на историјата и на јазикот.

Ангел Џамбаски на лош англиски јазик порача дека има брз начин како Македонија да почне преговори, а тоа е да го имплементира „славниот Договор за добрососедство“  меѓу двете земји бидејќи за година ипол не виделе ниту еден чекор имплементација. Тој и реплицираше на холанската парламентарка со оценката дека добрососедските односи се критериум за членство, покрај  обврската да запре „големиот говор на омраза“ кон Бугарија.

-Фактите се дека сега се соочуваме со невистинити ставови на високи политичари во Македонија, тврдеше Џамбаски практично обвинувајќи ги македонските функционери дека лажат за спорот. Тој  го праша министерот Бујар Османи, кој беше дел од расправата, дали македонската влада има план како ќе се справи со тој  говор на омраза и „со просрпското и проруското“ влијание во внатешнитер работи на Македонија, какво влијание во земјата имаат медиумските кругови блиски до Виктор Орбан кои шират говор на омраза кон ЕУ и Бугарија и  дали има вистински план за изградба на Коридорот 8, бидејќи имало многи тендери кои биле пропаднати. Исто така го интересираше како Македонија ќе гарантира дека ќе го почитува Договорот и кога Историската комисија конечно ќе дојде до резултати, на што доби општ одговор од Османи.

Бугарското вето најостро го осуди грчкиот пратеник Стелиос Кулоглоу од Обединетата левица кој забележа дека во регионот се прави политичка кариера врз крилјата на национализмот и дека сега се користи историјата од страна на Бугарија за да се запре перспективата на граѓаните во  Македонија, и не само на нив туку и на тие во Албанија и во Грција. Според него тоа е целосно неприфатливо во 21 век, а особено  во време на пандемија да се користи билатерален спор за историја, па креаторите на вакви спорови ги нарече „историски зомби„.

Неколку европарламентарци соопштија дека ставиле потпис на повеќепартиски документ околу проширувањето во регионот и во тие рамки сопките кон Македонија, барајќи таа конечно да биде наградена од ЕУ. Пратеникот Андреас Шридер рече дека утрото дебатирале за Македонија и заклучиле дека земјата направила голем напредок, па е жално што заради билатерален  спор земјата не може да ги почне преговорите. Тој ја повика Бугарија да го повлече ветото бидејќи тоа нема да значи дека ќе стане членка на ЕУ туку ќе почне преговори. Тој ја спомна Македонија како модел за мултиетничко општество во регионот и дека отворањето на националистичката “кутија“ со идентитетски прашања е чудна и не е во европскиот дух, со надеж дека ќе биде надминат овој спор за минатото. Тој  советуваше да бидат отворени нашите канали за комуникација кон бугарските функционери и кон идното претседателство на ЕУ.

Илхан Ќучук, како известувач за Македонија, изрази жалење за одлуката на Бугарија порачувајќи дека „во дипломатијата нема точка, туку секогаш има запирка“. Разговарајте пак за ова прашање, рече тој, оценувајќи го исраќањето на Владо Бучковски како преговарач како добра порака.

Тонино Пицула за ветото на Бугарија рече дека се заснова на мотиви што не можат да се оправдаат и побара да се превенира такво нешто да се случува и во иднина. Затоа, пак, бугарскиот европратеник Александар Јорданов, ги спомна сите алиби аргументи на Софија за да не биде видена во негативна улога – дека  Бугарија била прва што ја поддржала независноста на Македонија, дека ја подржала за НАТО и го потпишала Договорот за добрососедство, а сега само инсистира тој да биде имплементиран.

-Секогаш велевме дека имаме заедничка историја и имаме докази за тоа. Тоа треба да се знае и вие треба да ја запрете комунистичката интерпретација на вашата историја и да ги смените книгите што ги користите во училиштата. Во ЕУ не можете да ги смените идентитетите на луѓето што умреле одамна. Не можете да користите исто така пропаганда против Бугарија во политичката битка. За македонскиот јазик во Уставот велите дека е посебен јазик, а фактите говорат дека е дијалект на бугарскиот. Без да го решите тоа нема  да добиете поддршка за членство во ЕУ, рече Јорданов. На тоа се надоврза пратеникот Галер Микаел кој забележа дека националистите и во двете земји се виновни за говорот на омраза, а руско влијание исто така има и во Бугарија.

Министерот Бујар Османи се заблагодари на охрабрувањето во овие тешки денови за земјата и нагласи дека една од причините што со ентузијазам баравме членство во ЕУ е верувањето во вредностите на Унијата, базирани на заедничка иднина, а не на заедничко минато. Без нив, рече тој, овој процес е неодржлив. Тој нагласи дека изминатите три години сме покажале дека не бегаме од тешки одлуки, а според него   формула за решавање на спорот кој е главно емоционален е Договорот за добрососедство потпишан по долга историја на недоразбирања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.