Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП: Иванов веднаш да престане со опструкции врз демократскиот процес

0
By Светлана Јовановска on May 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите институции на ЕУ, НАТО и САД се на иста бранова должина кога станува збор за македонската ситуација.

“Ваква хармонија во ставовите речиси и да немало во друг случај”, вели Иво Вајгл, евро-парламентарниот известувач за Македонија.

“Со оглед на единственоста на ставовите никој не може да му каже на македонскиот соговорник ништо друго освен заедничкиот став – а тоа почитување на резултатот на изборите што беа меѓународно признаени, резултат кој му дозволува на новото парламентарно мнозинство да формира влада”, вели тој.

Тој смета дека настаните од 27 април не се само срам за Собранието и македонската политика туку се и предупредување за македонските политичари дека е последен момент да се вратат на патот на демократијата.

Истовремено, десничарот Едвард Кукан, социјалистот Кнут Флекенштајн и либералот Иво Вајгл од Европскиот парламент (ЕП) денес ќе побараат од новиот претседател на Собранието Талат Џафери веднаш да ги преземе сите функции во законодавниот дом кои му припаѓаат и веднаш да започне со работа Собранието.

Тие исто така ќе го повикаат ВМРО-ДПМНЕ да престане со опструкциите врз работата на Џафери а Горѓе Иванов да престане, и тоа веднаш, со опструкции врз демократскиот процес во Македонија.

А сите политички партии и нивните лидери да договорат средба и конструктивна соработка за примена на договореното во Пржино пред речиси две години.

Тие исто така ќе повикаат за целосна истрага на настаните на 27 април во Собранието.

По две одлагања во март и април, неделава требаше да биде ставена на гласање резолуцијата на ЕП за Македонија чиј што автор е Вајгл но тоа нема да се случи:

“Мојот предлог е гласањето да биде ставено на дневен ред во ЕП кога ситуацијата во Македонија ќе се нормализира и до изборот на новата влада. Во таа резолуција се зборува за реформи кои треба да ја приближат Македонија до преговори за членство во ЕУ. Резолуцијата е стимуланс за работа врз реформи за политичките партии а тоа во овој момент го нема”, вели Вајгл.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.