Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП: Могерини да помогне за решавање на актуелната политичка криза

0
By Светлана Јовановска on February 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По деветти пат Европскиот парламент (ЕП) бара Европската унија да отвори преговори за членство со Македонија. Ова е главната порака на идната Резолуција за Македонија која ќе биде усвоена на пленарна средница за еден месец а која денес ја изгласа Комитетот за надворешни работи на ЕП.

Автор на Резолуцијата е словенечкиот либерал Иво Вајгл а таа доби 47 гласа “за” и 10 “против” на денешното гласање во Брисел.

Предлогот на Резолуцијата доби 296 аманмдани од пратениците и по опширна дебата Комитетот за надворешни работи дојде до 16 компромисни амандмани.

Накусо, Резолуцијата на ЕП бара од Советот на министрите на ЕУ да отвори конечно преговори за членство со Македонија бидејќи овие безбројни одлагања имаат влијание и врз политичката ситуација во земјата и влијание врз кредибилитетот на политиката за проширување на ЕУ.

Пратениците велат дека проблемот со името не треба да го спречува отворањето на преговорите но дека тој проблем мора да биде решен пред крајот на преговорите за членство и влегувањето на Македонија во ЕУ. Комитетот за надворешна политика смета дека Фредерика Могерини, шефица на европската дипломатија, мора повеќе да се ангажира во решавање на спорот со нови иницијативи.

И непостоечкиот политички дијалог во Македонија е тема за оваа парламентарна Резолуција. ЕП ја повикува Могерини и во овој проблем да даде свој придонес и да го олесни дијалогот помеѓу поларизираните политички партии и поларизираната политичка клима во земјата. Владата и опозицијата мораат да обезбедат конструктивен политички дијалог и да соработуваат за да го забрзаат доближувањето до ЕУ, вели Резолуцијата.

Според извор на НОВА очигледно е дека ЕУ засилено се подготвува да влезе во еден вид посредништво за да се реши длабоката македонска политичка криза. Но со оглед на тоа што размислувањата на оваа тема се во тек се уште, дипломатите во ЕУ не сакаат да прогнозираат дали ќе се бара посредништво од ЕП како што беше најавено или пак ќе се оди кон некоја друга солуција.

Да споменеме исто така дека во Резолуцијата на ЕП се употребува придавката “македонски” а таа содржи и редица точки за сите актуелни проблеми во нашата земја.

Оваа Резолуција ќе биде гласана од сите 751 пратеници на ЕП во Стразбург во април.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.