Околу 200 борци на ирачките Курди кои од Ирак преку Турција ќе влезат во третиот по големина курдски град во Сирија, Кобане, за да им помогнат на бранителите кои цел месец опстојуваат под нападите на џихадистите од Исламската држава, изјавил денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Reuters.
„Конечно е постигнат договор за испраќање во Кобане на 200 курдски борци“, изјавил Ердоган на прес-конференцијата одржана во Руга, каде што се наоѓа во еднодневна посета.
Тоа е првата конкретна поддршка во копнени сили за бранителите на градот, откако Турција не дозволи од нејзина територија да се префрлуваат припадниците на Работничката партија на Курдистан (РКК) која е сметана за терористичка организација, поради 30-годишната војна за автономија со Анкара во којашто загинаа повеќе од 40 илјади луѓе.
Борците на џихадистичката сунитска организација- Исламска држава, сакаат да ја зацврстат својата присутност во северна Сирија и затоа спроведуваат жестока офанзива во која што и покрај стотиците воздушни напад од страна на силите на меѓународната коалиција предводена од САД успеаја да продрат во градот и да заземат половина од населбите.
Доколку го заземат Кобане, кој е на само еден километар од територијата на Турција, Исламската држава ќе контролира 400 километри, од вкупно 900 километри долгата сириско-турска граница