Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека 15-годишното момче, кое почина во вторникот од повредите здобиени во анти-владините протести минатата година имало врски со тероризам, јавува Би-Би-Си.
Беркин Елван помина девет месеци во кома откако беше погоден од канистер со солзавец додека бил на пат да купи леб.
Неговата смрт предизвика повеќе судири со полицијата во повеќе од 30 градови.
Коментарите на Ердоган би можело дополнително да ги разгорат политичките тензии, јавуваат дописниците на светските медиуми.
Во говорот на кампањата пред локалните избори на 30 март, Ердоган рече дека тинејџерот бил поврзан со “терористичките организации”.
“Ова дете со челични џамлии во џебовите и со чатал во раката, а неговото лице покриено со марама, било дел терористички организации и за жал беше подложено на гас”, рече тој во говорот емитуван на државната телевизија .
Погребот на Брлин Елван се одржа во Истанбул во средата, со фокус на понатамошни изрази на незадоволство од Ердоган.
Полицијата употреби водени топови и солзавец кон демонстрантите во близина на плоштадот Таксим, додека ковчегот беше спроведен низ улиците на градот.