Реџеп Таип Ердоган поднесе тужба во турскиот Управен суд против социјалните мрежи Твитер и ЈуТјуб, затоа што, според него, ги прекршиле како неговите така и правата на неговото семејство, јавува ИТАР-ТАСС.
Владата на Ердоган минатиот месец воведе забрана на социјалната мрежа Твитер и на системот за размена на видео и аудио содржина Јутјуб, под образложение дека шират анти-владина реторика.
Забраната на Твитер беше укината на почетокот на овој месец со одлука на Уставниот суд на Турција, кој оцени дека блокирањето на мрежата претставува кршење на правото на изразување, додека Јутјуб и натаму е блокиран.
Ердоган во својата тужба бара Твитер и Јутјуб да ги отстранат содржините со кои се загрозоваат неговите и правата на неговото семејство, како и отштета од околу 25 000 долари.