Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган: Крим треба да ѝ биде вратен на Украина

0
By Sashko on August 24, 2022 СВЕТ
Фото: time.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Крим треба да ѝ биде вратен на Украина, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во видеопорака испратена до учесниците на Втората средба на иницијативата „Кримска платформа“.

„Ние не ја признаваме анексијата од Русија. Тоа е принципиелен став, кој има не само правна, туку и морална основа. Враќањето на Крим на Украина е, исто така, услов на меѓународното право. Заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство Украина е од клучно значење не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност и стабилност“, истакна Ердоган.

Тој на виртуелната средба на светски лидери, чиј домаќин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, се осврна на гаранциите за безбедноста и благосостојбата на кримските Татари.

„Кримските Татари се еден од домородните народи на Крим. Тие страдаа од настаните. Обезбедувањето на нивната безбедност и благосостојба е меѓу приоритетите на Турција. Во овој поглед, сакам да потсетам дека Турција очекува да бидат ослободени и што е можно поскоро и да се вратат кај семејствата заменик-претседателот на Националното собрание Нариман Џелал и неговите соборци, кои беа приведени поради нивното учество на првиот Самит на Кримската платформа“, посочи Ердоган.

Тој додаде дека Турција ќе продолжи да биде на страната на украинската Влада и кримските Татари, како и оти ќе продолжи да прави напори за решавање на украинската криза.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.