Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека не планира да отстапи од реконструкцијата на паркoт во Истанбул и покрај масовните протести кои траат веќе седум дена.
Тој изјавата ја даде за време на посетата на Тунис- тој од понеделникот е на турнеја на Северна Африка.
Демонстрантите во Истанбул, Анкара и другите градови низ Турција бараат оставка од премиерот.