Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган останува на власт во Турција до 2023, а може и до 2028

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реџеп Таип Ердоган освои нов петгодишен мандат откако обезбеди победи во првиот круг од претседателските избори што се одржаа вчера, соопшти претседателот  на државната изборна комисија, Сади Гувен, кој рече дека актуелниот претседател “добил апсолутно мнозинство од сите валидни гласови”.

Според државните медиуми Ердоган освои 53 отсто, на преброени  99 отсто од гласовите, а неговиот најголем ривал Мухарем Инџе 31%.

Опозицијата, која се уште официјално не ги призна резултатите, соопшти дека ќе продолжи со својата демократска борба “без разлика на резултатот”.

Претходно, од опозициската Народна Републиканска партија искажаа соменвање во резултатите што ги емитуваа државните медиуми, нарекувајќи ги манипулација. Конечните резултати ќе бидат објавени во петок.

– Нацијата ми довери одговорност за претседавање и извршни должности, изјави 64-годишниот Ердоган во говор од Истанбул што го пренесуваше државната телевизија.

Тој прогласи и победа на Народниот сојуз, изборна коалиција на неговата Партија на правда и развој и малата Партија за национално движење на парламентарните избори, нагласувајќи  дека имаат мнозинство во Парламентот во кој има 600 места.

– Се надевам никој нема да се обиде да фрли сенка на резултатите и да и наштети на демократијата за да го сокрие својот неуспех, изјави Ердоган.

На парламентарните избори Партијата за правда и развој доби 42,68 отсто гласови додека главната опозициска Народна републиканска партија освои 22,55 отсто гласови. Сојузникот на Ердоган, Партијата за национално движење доби 11,28 отсто гласови. Прокурдската Народна демократска партија освои 10,94 отсто гласови со што надмина цензус за влез во Парламентот.

Што значи резултатот?

Ердоган овој пат како претседател ќе има поголеми овластувања според новиот Устав на Турција, измени што беа усвоени на референдумот минатата година со 51 отсто од гласачите и треба да стапат на сила по изборите.

Тие вклучуваат:

-директно назначување високи јавни функционери, вклучувајќи министри и потпретседатели
-моќ да интервенира во правниот систем на земјата
-моќ да воведе вонредна состојба

Некои критичари тврдат дека ова значи премногу моќ во рацете на една личност и дека новиот претседателски систем во Турција нема контрола и баланс преку други тела, како што е во Франција или САД.

Ердоган пак тврди дека зголемена власт ќе му овозможи да одговори на економските проблеми на Турција и да ги победи курдските бунтовници на југоисточниот дел на земјата.

Во својот победнички говор, тој рече дека Турција ќе дејствува поцврсто против терористичките групи и ќе продолжи да ги “ослободува сириските територии”, за да можат бегалците да се вратат во своите домови таму.

Овие избори требаше да се одржат во ноември 2019 година, но Ердоган ги свика порано.

Ердоган беше премиер 11 години пред да стане претседател во 2014 година. Според новиот Устав, тој може да се кандидира за трет мандат, откако неговиот втор мандат ќе заврши во 2023 година, што значи дека потенцијално би можел да ја задржи власта до 2028 година.

 

 

избори Турциа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.