Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган сака да протерува амбасадори

0
By Нова ТВ on December 21, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани дека одредени странски амбасадори ќе бидат протерани од земјата поради нивните „провокативни акции“. Toj ги обвинува амбасадорите за истрагата за мито и корупција во земјата, пишува Дојче Веле.

Одредени амбасадори се вмешани во провокативни работи“, рече Ердоган. „Не треба да ве задржиме во земјава“, додаде тој. Неговите забелешки се однесуваат на тензиите кои се создадоа околу истрагата за корупциската афера во Турција, која се однесува на лица блиски до неговата влада.

Ердоган тврди дека „валканата операција“ била темпирана за да и’ наштети на неговата влада пред локалните избори во март. А, тие избори се сметаат како тест и за централната власт, за која Ердоган сака повторно да се бори на парламентарните избори во август.

„Држете се до вашите задолженија. Ако ги надминете овластувањата, тогаш оваа власт ќе ги искористи своите органи до крајни граници. Не сме обврзани да ве држиме во земјава“, рече Ердоган.

Тој не именуваше на кого мисли кога ги праќа пораките, но провладиниот весник „Јени шафак“ денеска објави текст со наслов „Одете си од оваа земја“, а кој се однесува на американскиот амбасадор во Турција, Францис Ричијардоне. Ердоган всушност ги поткрепи обвинувањата во провладиниот весник дека САД и нивниот амбасадор стојат за корупциската истрага, која се спроведува врз блиски политички сојузници, па дури и министри и градоначалникот на Истанбул, кој се смета за упориште на неговата Партија на правдата и развојот.

Амбасадата на САД преку порака на Твитер, напишана на турски јазик, ги негираше тврдењата на Ердоган со зборовите „лага и клевета“. Во пораката стои и дека „никој не треба да ги загрозува турско-американските односи преку неосновани тврдења“.
Провладините медиуми го обвинија и Израел за долевање масло на огнот. Турската влада и претходно ги обвинуваше странските сили, на пример, за протестите кои се случија ова лето. Според одредени текстови во провладините медиуми, американскиот амбасадор Ричијардоне ја предупредил државната банка „Халк банк“ да ги прекине врските со Иран – земјата која е под санкции.

А, оваа банка е во центарот на истрагата за корупциската афера, која ја погодува во срцето партијата на Ердоган. Освен извршниот директор Сулејман Аслан, во случајот денеска (21.12.) се уапсени и синови на министри во владата.

ИЗВОР: Дојче Веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.