Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еролд Муслиу во лажните вести стана Хисен Муслиу

0
By Нова ТВ on May 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку медиуми денеска објавија вест дека претседателот Стево Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, со назначувањето на новиот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и удрил шлаканица на ДУИ. Објаснувањето е дека ДУИ е против Муслиу, бидејќи тој „стои зад објавувањето на досиејата „Ибар“, „Мама“, „Вујко“ и „Стрелец“, кои се однесуваат на високи функционери на ДУИ во 2010 година“, меѓу кои и лидерот Али Ахмети.

И тука се плете цела приказна, повикување на „високи извори во ДУИ кои со сите сили ќе се спротивстават на именувањето на  Муслиу на оваа функција, бидејќи според нив „таму треба да биде назначен некој со кредибилитет, а не некој кој учествувал во фалсификување на досиеја или производство на фалсификувани документи“. А ова е изјава на ДУИ од 2011 година, упатена до тогашниот претседател Иванов.

Но, што велат фактите?

Субјектот од кој тргнуваат во веста, или во новинарството „кој“ (едно од петте прашања без кои нема вест) им е погрешен. Односно оној кого ДУИ го обвинуваат за фалсификување досиеја, документи, не е Еролд Муслиу, туку Хисен Муслиу!

Со ова, по новинарските правила тука нема вест, а во денешните околности ова е и лажна вест, која директно е насочена кон професионалниот кредибилитет на новиот директор на Агенцијата за разузнавање.

Случајот со Хисен Муслиу е од не така одамна, од 2010. Тој беше поранешен началник во УБК и беше уапсен во ноември 2010 година, кога во неговиот дом полицијата ги најде во електронска форма досиејата „Ибар“, „Мама“, „Вујко“ и „Стрелец“, наводно досиеја за високи функционери на ДУИ.

Беше осуден условно, а Апелација го врати случајот на ново судење. Поранешниот разузнавач се бранеше дека целиот случај е политички монтиран. Две години подоцна беше претепан во Тетово, при што имаше сериозни повреди.

Кој е Еролд Муслиу

Во биографијата на новоназначениот директор на АР стои:

Еролд Муслиу е роден 1969 година во Кичево. Дипломирал криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје.

Од 1993-1998 година работи во МВР, во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (денешна УБК) каде бил ангажиран на теренски активности од областа на контраразузнавањето како самостоен инспектор.

Со отпочнување со работа на Агенцијата за разунавање во 1998 година, Муслиу преминува во Агенцијата и работи на теренски активности од областа на разузнавање на меѓународниот тероризам како виш и главен инспектор.

Од 2000 до 2007 година, Муслиу работи во рамки на Дирекцијата за оперативни работи на АР, ангажиран на теренски активности како помошник на директорот на Дирекцијата.

Од 2007 до 2012 во рамки на АР, Муслиу раководи со Дирекцијата за разузнавање на меѓународниот тероризам и организиран криминал.

Во 2012 година е прераспореден на позицијата советник на директорот на АР за меѓународна оперативна соработка.

Од 2015 до денес, Муслиу работи како помошник на директорот на АР задолжен за координација на оперативните работи на Агенцијата.

За време на неговата работа во Агенцијата, Муслиу раководел со меѓународната оперативна соработка со партнерски служби во рамки на која активно учествувал и раководел со разузнавачки операции од регионален и меѓународен карактер.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.