Денеска на конгресот на СДСМ Есад Рахиќ најавил дека по завршувањето на конгресот ќе си дал оставка од Централниот одбор на партијата. Рахиќ побарал оставка од лидерот Зоран Заев тврдејќи дека тој не заслужува доверба и дека треба ја препушти партијата на друг.
-Заев е храбар, но сметам дека не може да го носи овој товар на лидер. Не препознава дека на овој конгрес нема да победи ниту едната ниту другата опција, туку ќе победи ВМРО ДПМНЕ. Требаше да го одложи конгресот и со ладни глави потоа да се носат потези, вели Рахиќ во изјава за НОВА.
Конгресот започна во 11 часот утринава. Актуелниот лидер на СДСМ беше дочекав со аплаузи од страна на делегатите. Од вкупно 707 во моментов присутни се 591 делегат.