На Белград, во текот на последната рунда преговори во Брисел, му е понуден документ со осум воопштени фрази во кои на заедницата на српските општини не и се гарантираат додатни извршни права, туку предвидува помал број надлежности од оние предвидени со косовскиот Устав и закон.
Српскиот весник „Блиц“ ексклузивно го објавува документот кој високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон му го понудила на српскиот премиер Ивица Дачиќ по системот „земи или остави“.
Документот е до таа мерка сиромешен и површен што во однос на неговата содржина нема што да се преговара, пишува „Блиц“.
Всушност во документот на површински начин е препишан Планот на Ахтисари кој е вграден во Уставот на Косово, и на Србите им се нуди да одлучуваат само за локалниот економски развој, образованието и за здравството.