Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, вели дека претседателот на Украина, Виктор Јанукович „јасно ставил до знаење“ дека неговата намера е да потпише Договор за соработка со ЕУ, притоа без да прецизира коа ќе се случи истото. На улиците во Киев ова утро протестираат повеќе од 1 000 луѓе.
Според Ештон, по разговорот со Јанукович, во Киев станало јасно дека краткорочните економски и финаниски проблеми со кои се соочува Украина можат да бидат олесенти преку потпишување на договорот со ЕУ, кој би донел пак нови инвестиции.
Потпишувањето на договорот би значело дека Јанукович се предомислил за целиот процес „ЕУ или Русија“, со оглед на тоа дека минатиот месец одби да го потпише, што пак беше протолкувано дека Јанукович бара поблиски односи со Русија, наведува АП.
Про-европските демонстрации во Украина траат над три недели.
Демонстрантите поставија нови барикади на местото каде што полицијата претходно ги отстрани.
Во меѓувреме, украинискиот Министер за одбрана во Вашингот дал збор дека повеќе нема да се користи полицијата како одбрана од демонстрантите, бидејќи претходно САД најави санкции за државата.