На вчерашната средба во Советот за безбедност на ОН, високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон истакна дека нормализацијата на односите помеѓу Косово и Србија е историски напредок.
– Постигнат е историски напредок во нормализација на односите на Белград и Приштина. СБ на ОН во понеделникот имаше можоност да ги слушне обраќањата на српскиот премиер Ивица Дачиќ и премиерот на Косово Хашим Тачи, и од нив можевте да слушнете колку е важна оваа позитивна работа за нивните граѓани, за стабилноста на Западен Балкан и неговата европска иднина, рече таа пред СБ на ОН.
Дијалогот Белград-Приштина беше процес со конкретни резултати кои го променија секојдневниот живот на луѓето во регионот, истакна таа. Ештон додаде дека дијалогот во иднина ќе биде се повеќе дел од процесот на интеграција на двете земји во Унијата, јави Танјуг.
– Но пораката која денеска ја упатувам до Белград и Приштина гласи дека од клучна важност е да се продолжи дијалогот со истата посветеност. Приврзаноста на ЕУ кон овој процес ќе биде силна како и досега, изјави Ештон во СБ на ОН.