НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар го омекна ставот на Бериша за амбасадорката на САД во Тирана, Јури Ким преку ноќ стана „почитувана“

0
By Sashko on April 8, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По острата реакција на Габриел Ескобар за обвинувањата против амбасадорката Јури Ким, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша денеска со омекнат став.

Бериша се погрижи да ја пренесе пораката дека нема ништо лично со амбасадорката Јуриј Ким. За разлика од претходно кога ја нарекуваше „гувернерка“, Бериша денеска ја нарече „почитувана амбасадорка“, нагласувајќи дека „неговите ставови се поврзани со прекршувања на нејзините дипломатски областувања, а не со неа лично“.

„Јасен сум и имам најголема почит кон почитуваната амбасадорка кога таа постапува во согласност со претставувањето на претседателот Џо Бајден. Секогаш кога ќе биде спротивно на Виенската конвенција, јас ќе се спротивставам и ќе ја осудувам. Политиките на САД во Тирана се насочени кон поддршка на оваа земја, не можам да се согласам со нејзините постојани ставови и поддршка за владата на Еди Рама и антиопозициските акции“, рече Бериша.

По зачестените навреди врз амбасадорката Јури Ким од страна на Бериша и неговите приврзаници, заменик-помошник државниот секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, синоќа имаше остра реакција за „Топ чанел“.

„Шокиран сум од нападите врз нашиот амбасадор во Тирана. Знаеме дека офанзивата на овие напади не го претставува албанскиот народ. Амбасадорката Ким е личен претставник на претседателот на САД. Како што јасно кажа портпаролката на Стејт департментот во декември, очекуваме таа да продолжи да ги објаснува и спроведува американските политики, вклучително и оние на претседателот Бајден, вклучително и одлучноста дека ќе ги повикаме на одговорност оние кои се вмешани во корупција и поткопување на демократијата“, остро реагираше Ескобар.

Освен што Бериша ја нарекуваше гувернерка, неговите приврзаници ја нарекуваа госпоѓа, а не амабасадорка, која се меша во внатрешните работи на Албанија и не се однесува во согласност со Виенската конвенција, кршејќи ги сите правилата на однесување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.