Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: Услов за американска поддршка за Отворен Балкан е отвореност за сите и следење на соодветни стандарди и институции

0
By Mirjana on January 14, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот пратеник на американската администрација за Западен Балкан, Габриел Ескобар ги повика лидерите во регионот да се фокусираат на мултиетничкото помирување.

Тој рече и дека Отворен Балкан е позитивна иницијатива, но оти треба да ги вклучи сите земји, бидејќи практично не функционира без сите земји од регионот.

Во интервју за албанскиот сервис на Гласот на Америка, Ескобар ги повика лидерите од регионот на помирување.

„Би рекол дека треба да се фокусираат на мултиетничко помирување, регионална економска интеграција, европски стандарди и создавање можности во рамките на Западен Балкан од кои корист ќе имаат сите луѓе. И мислам дека албанската Влада ова го започна со иницијативата Отворен Балкан, која ја сметаме за позитивна развој во регионот, така што гледам светла иднина за регионот. Ние сакаме да бидеме дел од овој процес и знам дека Европската унија го има истиот став“, рече Ескобар.

Тој рече и дека не е можно Отворен Балкан да биде ефикасен без учество на сите земји од регионот.

„И ова е условот под кој го поддржуваме: прво, да ги исполниме берлинските стандарди поставени од Европската унија. И второ, да биде отворен за сите земји, бидејќи практично не функционира без сите земји. Цевководите и автопатиштата не можат да се прекинат. Не можете да имате зона за слободна трговија ако треба да застанете некаде на половина пат и да чекате во ред пет часа во камион. Затоа што, на крајот на краиштата, зона на слободна трговија значи дека е потребно да се имаат институции кои можат ефикасно да управуваат со стока и пари. Значи, се работи за два услови: отвореност за сите и следење на соодветни стандарди и институции. Тоа се условите на нашата поддршка за овој проект“, заклучи Ескобар, во интервјуто за сервисот на албански јазик на „Гласот на Америка“. 

Ескобар ја условува американската поддршка за Отворен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.