Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ бара поскапување на парното греење поради зголемена цена на природниот гас на берзите

0
By Marija Todorovska on January 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поднесе барање за промена на максимален регулиран приход и цена за 2024 година за регулираната дејност дистрибуција на топлинска енергија.

Со поднесеното барање лани во декември, како што информираат од РКЕ, ЕСМ дистрибуција на топлина бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година и предадените количини на топлинска енергија и зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 отсто.

Денеска во 12 часот истекува рокот до кога заинтересираните правни и физички лица, можеа до РКЕ да достават мислења и предлози во врска со објавеното барање на ЕСМ дистрибуција на топлина по што РКЕ на седница ќе го разгледа барањето и ќе донесе соодветна одлука.

Од ЕСМ дистрибуција на топлина информираат дека причина за поднесеното барање е зголемувањето на цената на природниот гас на берзите.

Компаниите кои се формирани од АД ЕСМ и кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија имаат законска обврска да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до РКЕ за корекција на регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона, велат од АД ЕСМ.

Берзи ЕСМ парно греење природен гас РКЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.