Според интернет страницата на НАТО, консултациите согласно членот 4, можат да водат кон заедничка акција на сите 30 земји членки на НАТО.
Источните членки на НАТО Естонија, Латвија и Литванија, како и Полска, бараат активирање на членот 4 на НАТО кој предвидува итни консултации доколку некоја земја членка смета дека и е загрозена политичката независност, безбедноста или територијалниот интегритет, јавува CNN.
Според интернет страницата на НАТО, консултациите согласно членот 4, можат да водат кон заедничка акција на сите 30 земји членки на НАТО.
Членот 4 досега беше активиран шест пати од формирањето на Алијансата во 1949 година, а последен пат во Турција во 2020 година кога беа убиени турски војници од сириските владини сили во северна Сирија.
Во две прилики НАТО по активирањето на членот 4 има одговорено со воена помош испраќајќи ракети и воени авиони на југоистокот на Турција вдолж границата со Ирак во 2003 година.