Дванаесет министри од сириската Влада влегоа на „црната листа“ на Сиријци , на која ЕУ им ги замрзнува банкарските сметки и им е забрането патување во земјите-членки на ЕУ.
На листата се ставени членови на сириската Влада, кои се обвинети дека имаат „одговорност за сериозни кршења на човековите права“.
Одлуктата е донесена на министрите за надворешни работи на ЕУ на средбата во Луксембург.
Имињата на 12-те министри ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ утре, кога санкциите против нив ќе стапат во сила.
Вкупниот број на Сиријци кои се под санкции од ЕУ се искачи на 191 луѓе, 53 фирми и организации, меѓу кои и Централната банка на Сирија.