Одржувањето на фер и демократски локални избори, како и добри меѓуетнички односи се важни за Македонија, е пораката што вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими ја добил на средбите со преставници на Европската Унија во средата и четвртокот во Брисел.
На средбите му било порачано дека овие две прашања ќе се рефлектираат и во пролетниот извештај на Европската Комисија, чие објавување е предвидено за април, објави Бесими на својот Фејсбук профил.
„Добри меѓуетнички односи и фер и демократски локални избори се важни за Р. Македонија, се пораките кои ги добив од средбите во Брисел. Тие ќе се рефлектираат во Пролетниот Извештај за Р. Македонија”, напиша Бесими на својот Фејсбук профил.
Тој за време на дводневниот престој во Брисел се сретна со Генералниот Директор на Директоратот за проширување, Стефано Санино, со Пиер Вимонт, генерален секретар на Европска служба за надворешни работи, како и со Гилс Мерит – Генерален секретар на “Friends of Europe”.