Граѓаните во поголем број на земји членки на ЕУ гласаат за да го одредат составот на новиот Европски парламент.
Во некои земји членки како Холадија, Велика Британија, Летонија, Малта и Словачка веќе се гласаше во средата, петокот и во текот на вчерашниот ден.
Истражувањата на јавното мислење предвидуваат зголемуена поддршка на полтичките групации со анти европска платформа иако во Холандија се случи изненадување па проевропски ориентираните партии осовоија поголем број на гласови од предвидувањата.
Резултатите од изборите ќе бидат соопштени вечерва по 23 часот по средноевропско време вечерва.
Конститутивната седница на новиот состав на Европарламентот ќе се одржи од 1 до 3 јули во Стразбур. Тогаш ќе бидат избрани претседател на Европскиот парламент.
На 27 мај Европскиот совет, кој е составен од шефовите на држави или влади на земјите-членки ќе заседава во Брисел за да ги разгледа резултатите. Европските лидери со квалифицирано мнозинство треба да се изјаснат и за предлогот за следниот претседател на Европската комисија. За прв пат оваа номинација треба да ја добие и поддршката од Европарламентот, а во спротивно Европскиот совет ќе треба да објави нова кандидатура еден месец по евентуалниот неуспех да се изгласа од европратениците.
Планирано е Европскиот парламент во периодот од 14 до 17 јули со тајно гласање да се изјасни за претседателот на Европската комисија. За да биде избран кандидатот за претседател на Комисијата треба да добие 50 отсто од гласовите на европратениците плус еден глас, односно 376 гласа.
Најголеми фаворити за оваа функција се Луксембуржанецот Жан Пол Јункер како кандидат на Европската народна партија и Германецот Мартин Шулц како кандидат на Европските социјалисти.
Европратениците во септември ќе ги сослушаат кандидатите за еврокомесари, а гласањето за составот на Комисијата е закажано за октомври.
вот на Комисијата е закажано за октомври.