САД и ЕУ испратија пораки за загриженост поради најновиот развој на ситуацијата во Украина.
Информациите дека има мртви и стотици повредени ме вознемирува. Жалам за загубените животи и моите мисли се со семејствата на починатите, изјави Штефан Филе.
Тој соопшти дека телефонски разговарал со в.д премиерот на Украина Арбузов. Во разговорот Филе му пренел дека глетката на полиција која шета со калашникови по улиците е извор на голема загриженост.
Тој ме уверува дека владата ќе стори се тоа оружје да молчи. За Украина и нејзината иднина јас се надевам дека тој е во право, вели Филе.
“Наместо издавање ултиматуми , Владата на Украина веднаш треба да ги продолжи разговорите со лидерите на опозицијата и да го поддржи дијалогот преку демократските институции на Украина . Ние исто така ги повикуваме демонстрантите да се воздржат од насилство од каков било вид , длабоките поделби во Украина нема да се разрешат со пролевање на невина крв, вели Кери во изјават за развојот на ситуацијата во Украина.