Европската комисија ќе и соопшти на Србија дека нејзините перспективи за приклучување кон ЕУ ќе страдаат доколку го одобри градењето на рускиот гасовод „Јужен тек“, јавува „EUobserver“.
Во годишниот Извештај за напредокот на земјата, кој ќе биде соопштен денеска се вели „меѓувладиниот договор потпишан помеѓу Србија и Русија за изградба на „Јужен тек“ не кореспондира со законите на ЕУ“.
– Србија не смее да отпочне со работа за изградба на гасоводот додека договорот не влезе во компитабилност со законите на ЕУ.
„Стратегијата“ која исто така ќе биде објавена денеска, ќе биде важен дел за конструкцијата на почетокот на разговорите на земјата во следните 12 месеци.
Според извори во ЕУ во неа се нотира „економска конкурентност“ како еден од трите важни услови за прогрес во преговорите на Србија со ЕУ.
Србија го потпиша договорот со Русија во 2008 година а изградбата е планирана да стартува во 2014.
Русија исти вакви договори потпиша и со земјите членки на Унијата: Австрија, Бугарија, Грција, Унгарија и Словенија, како и со Република Српска.
Комисијата ги предупреди земјите од Европа дека ризикуваат доколку продолжат со договорот, што беше причина за Бугарија да ги запреработите на „Јужен тек“.
– Им велиме на сите земји-кандидати: Слушајте, доколку продолжите со гасоводот, ги прекршувате законите на ЕУ што воопшто не е во ваша корист, особено кога ќе го започнете поглавјето за енергетика, вели претставник на ЕУ.
Дополнителни, Брисел е лут на Белград што не воведе санкции врз Русија, пренесува „EUobserver“.
Токму првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека за Србија е неприфатливо воведувањето санкции кон Русија и дека, доколку тоа го стори, Белград ќе работи директно против своите национални и државни интереси.