НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ќе воведе универзален полнач за сите мобилни уреди

0
By Соња Крамарска on June 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за универзален полнач за мобилни телефони и други електронски уреди, а од есента 2024 година, сите преносливи електронски уреди со мала и средна големина ќе треба да бидат опремени со USB-C полнач.

По летниот одмор, од Советот и од Парламентот се бара формално да го потврдат овој договор, кој потоа ќе биде објавен во Службен весник на ЕУ и ќе стапи во сила 20 дена по неговото објавување. Имплементацијата на директивата започнува 24 месеци по нејзиното влегување во сила, односно есента 2024 година. Новите правила нема да важат за производите што се пласираат на пазарот пред примената на директивата.

lg.php.gifСпоред новите правила, на потрошувачите повеќе нема да им треба различен полнач и кабел секој пат кога ќе купат нов уред и ќе можат да користат еден полнач за сите нивни мали и средни преносни електронски уреди.

Мобилните телефони, таблетите, е-читачите, слушалките, дигиталните камери, рачните конзоли за видео игри и преносните звучници што може да се полнат преку жичен кабел ќе треба да бидат опремени со полнач за USB од тип C, без оглед на производителот. И лаптопите ќе треба да се прилагодат на овие барања во рок од 40 месеци од стапувањето во сила на оваа директива.

Уникатниот USB-C ќе им овозможи на потрошувачите да полнат уреди со истиот USB-C полнач, без оглед на брендот на уредот.
Според написите, најголем отпор на новите правила пружа американскиот производител „Apple“, чиј iPhone нема USB-C, кој се користи на повеќето уреди со Android. Брзината на полнење се совпаѓа и со уредите што поддржуваат брзо полнење, што ќе им овозможи на корисниците да ги полнат своите уреди со иста брзина со кој било компатибилен полнач, пишуваат медиумите.

Анализите се дека потрошувачите исто така ќе имаат јасни информации за карактеристиките на полнење на новиот уред за да им помогнат да разберат дали веќе имаат компатибилен полнач дома и ќе можат да одлучат дали да купат уред со или без полнач.

Според проценките, потрошувачите би можеле да заштедат до 250 милиони евра годишно бидејќи нема да имаат потреба да купуваат нови полначи непотребно. Се проценува дека отстранетите и неискористените полначи претставуваат околу 11.000 тони е-отпад годишно. Покрај големите придобивки за граѓаните, со воведувањето на универзален полнач се очекува и намалување на електричниот отпад, кој според Евростат во Европската Унија се рециклира само 40 отсто.

ЕУ универзален полнач
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.