Европската унија ќе и помогне на Украина да го плати долгот од 2 милијарди евра што го должи Украина за купувањето на руски гас. ЕУ исто така може да и помогне на Украина во снабдувањето со гас.
Ова денес го изјави комесарот на енергетика Гинтер Етингер по состанокот на министрите на ЕУ за енергетика.
“Плаќањето на фактурите на Украина кои таа им ги должи на Русите е на високо место во програма за помош на Европската комисија која ќе биде усвоена утре”, рече Етингер.
Оваа најава дојде откако денес Газпром, рускиот енергетски гигант, објави дека од април ќе ги укине попустите од 3 отсто на цената на гасот кои беа предвидени во декември. Тогаш Русија усвои план за спасување на Украина кој исто така предвидуваше кредит од 15 милијарди евра за земјата.
“Бидејќи Русија не ги исполнува своите обврски според договорот за попуст Газпром одлучи да не го продолжи договорот и тоа од следниот месец”, изјави газдата на фирмата Алексеј Милер по средбата со рускиот премиер Димитри Медведев. Тој сугерираше можност за кредит за Украина од 2 до 3 милијарди за да може земјата да го плати долгот.
Откако украинските власти одлучија да потпишат договор со ЕУ за слободна размена, Москва реши да даде попуст на гасот и кредит од 15 милијарди долари. Од оваа сума 3 милијарди беа испратени. Но по тензиите во Киев руските власти одлучија да ја разгледаат повторно одлуката кога во Украина ќе има нова влада.
И тие причини ЕУ одлучи да му помогне на Киев да го плати долгот кон Русија и да помогне во снабдувањето со гас.