Европската Унија им наложила на своите набљудувачи, кои ги следеа локалните избори на Косово и Метохија, на официјалните состаноци, Косово да не го дефинираат како држава или република, туку само како територија, пишува приштинскиот весник „Зери“.
Поранешниот претседател на Ценнтралната изборна комисија на Косово, Мазлум Баралију искоментирал дека таквиот став на ЕУ кон косовските институции е навредлив.
– Таквиот пристап на Брисел не е само неприфатлив, туку е и навредлив и понижувачки. Комплетниот изборен процес е организиран и спроведен во склад со косовските закони, рекол Баралиу.