Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ крева раце од Македонија – Советот на министрите направи чекор наназад

0
By Светлана Јовановска on December 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Чекор наназад. Ова е кусата синтеза на дискусиите која попладнево се одвиваат во Брисел, во Советот на министрите на ЕУ, каде што шефовите на европските дипломатии го разгледуваат македонското досие.

Според нацртот на заклучоците, може слободно да се каже дека ЕУ прави чекор наназад во однос на Македонија. Овие заклучоци треба да ја определат стратегијата на ЕУ во наредната година.

Со денешниот заклучок ЕУ става јасно до знаење дека овој пат Македонија самата ќе треба да се потруди да покаже дека е посветена на европскиот пат за да го придобие вниманието на Советот на министрите и евентуалната помош во надминувањето на проблемите како внатрешни така и оние со соседите. Ваквата констатација уследи по минатогодишниот евроентузијазам за Македонија и енергичното инволвирање на комесарот Филе и некои земји членки на ЕУ што не донесе резултат туку дополнително се случи и влошување на состојбата со инцидентот од 24 декември.

Познато е дека Македонија нема да добие преговори за членство и покрај петтата препорака на ЕК. Но, работите се полоши отколку пред една година.

Според информациите на НОВА “чекорот наназад” е фактот што во овие заклучоци нема да биде спомената можноста за почеток на преговори како што тоа беше случај лани. Минатата година Самитот на ЕУ со многу надеж веруваше дека преку Високиот политички дијалог (ВПД) со ЕК, со ветувањата за напредок во спорот со името и со напорите на комесарот за проширување Штефан Филе нашата земја ќе успее да напредува и да стаса до преговори.

Но, веднаш по самитот се случи 24 декември во Собранието и сите негови последици кои Македонија се уште ги чувствува. “Ова беше лоша година за Македонија”, вели за НОВА еден европски дипломат директно влучен во дискусиите за Македонија.

ЕУ во заклучоците бележи дека “политичката криза” која уследила под 24 декември покажала дека има “длабоки разлики помеѓу политичките партии” кои оставаат последици на работата на Собранието и “покажуваат дека е потребна конструктивна политика заради националниот интерес”, вели заклучокот.

Европските министри велат дека е најважно да се примени договорот на 1 март со ЕК и дека ВПД придонел за напредок во повеќе области како судството и борбата против корупцијата.

ЕУ е посебно загрижена исто така за слободата на изразувањето и медиумите.

Нацрт заклучокот на ЕУ посочува на повеќе слаби точки и укажува на тоа дека земјата треба да го примени законските и политички рамки кои ги усвоила а кои не се направени во доволна мерка. “Особено внимание треба да се насочи кон владеењето на правото вклучително независноста на судството и понатамошни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал”, вели нацртот.

Советот потсетува на ревизијата на Охридскиот договор и меѓу етничките односи која треба да биде применета. Стратегијата за Ромите треба да биде применета. Од Македонија се очекува исто така да направи конечно “јасна дистинкција помеѓу партијата и државата” како што тоа го бара ОБСЕ. ЕУ вели и дека на високата невработеност и јавното финансиско менаџирање треба да им се обрне внимание.

Следниот пасус на заклучоците зборува за спорот со името и добрососедските односи. Советот повторно вели, по кој знае кој пат, дека преговорите за името треба да се приведат кон крај многу брзо. И Бугарија најде место во заклучоците каде што се вели дека нашата земја и Бугарија имале министерски контакти и постои надеж дека овие контакти се претворат во конкретна акција и резултат.

Конечно, Советот вели дека ја дели оценката на ЕК дека земјата се уште ги исполнува политички критериуми за препораката. На крајот ЕУ министрите велат дека на ова ќе се навратат во текот на 2014 година но без да прецизираат кога. Тоа ќе го направат “врз основа на ажурирање од ЕК за понатамошната примена на реформите во рамките на ВПС”. За тоа се очекува од Македонија да го примени договорот од 1 март и да направи значителни чекори за решавање на спорот за името и добрососедството.
Да посетиме дека минатата година самитот на ЕУ го најави пролетниот извештај на ЕК. Оваа година тоа го нема.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.