Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Македонија ќе добие датум и без потпис од Иванов

0
By Нова ТВ on June 15, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комесарот за проширување Јоханес Хан вели дека е уверен оти земјите-членки на ЕУ ќе дадат зелено светло за почеток на пристапни преговори со Македонија. Уште повеќе, Хан смета дека земјите-членки сфатиле оти имало грешки од страна на ЕУ кога е во прашање Македонија, пишува Дојче Веле.

„Ако девет пати не одговорите позитивно на препораката за почеток на пристапни преговори тоа води кон назадување на земјата, како што и видовме, а кулминација беше 2015 година“, изјавил Хан.

Се наведува дека и непотпишувањето на указот за Законот за ратификација на Договорот од страна  на претседателот Иванов  нема да има влијание врз одлуката на ЕУ за почеток на преговори.

Во Договорот во член 2, став 4 б пишува: „По добивање на известување дека Собранието на Втората страна ја ратификувало оваа Спогодба, Првата страна веднаш: ќе го извести Претседателот на Советот на Европската унија дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Втората страна и ќе го извести Генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка НАТО да ѝ упати покана за пристапување на Втората страна. Таквата поддршка на Првата страна е условена, прво, со исходот на референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум, во согласност со оваа Спогодба, и второ, со целосното усвојување на амандмани на Уставот, како што е предвидено во оваа Спогодба. По добивањето на известување од Втората страна дека ги завршила сите нејзини внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа Спогодба, вклучително и по завршувањето на можен референдум на национално ниво со исход кој е конзистентен со оваа Спогодба и по завршувањето на постапката за усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, Првата страна ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Втората страна во НАТО. Оваа постапка за ратификација ќе се заврши заедно со постапката за ратификација на оваа Спогодба“.

Претседателот Иванов од Софија уште еднаш повтори дека нема да го потпише укaзот на Законот за ратификација на Договорот.

„Јас не сум бил вклучен во донесувањето на тој документ и зошто да бидам јас тој кој ќе го легализира документот. Како го создале и го донеле без мое учество така и нека си го завршат без мое учество… Таа е нивна одлука и нивна е одговорноста“ рече претседателот Иванов.

Јоханес Хан  споменува дека освен својата уставна улога, претседателот Иванов мора да сфати дека постигнатиот договор води кон нормализација на состојбата поради која „никој не беше среќен речиси три децении“, и дека „секоја нормализација води кон подобри можности и подобри услови за живот за сите граѓани“, пишува Дојче Веле.

„Главната порака за Иванов е дека претседателот на една држава мора да биде подготвен да ги сослуша својот премиер и министер за надворешни работи. На него останува да го донесе својот суд и да има свое мислење, но минимум пристојно однесување е да се сослуша премиерот“, вели Хан. Комесарот објаснува дека зеленото светло на следниот самит на ЕУ за Македонија, не значи и автоматски почеток на преговорите, туку најпрво почеток на процесот на скрининг –  ускладеноста на законодавствата на државата кандидат со правниот поредок на ЕУ .

 

Договор за спор за име Ивнов пристапни преговори со ЕУ Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.