Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска повторија дека унијата е подготвена за историска партнерска спогодба со Украина, но сега на потег е Украина.
„ЕУ е посветена на соработката со украинската влада во цел решавање на економските проблеми“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.
Во исто време во Кремљ не ја исклучуваат можноста во брзо бреме да донесат одлика за давање кредит на Украина, доколку има такво барање, рече денеска пред новинарите помошникот претседател на Русија, Андреј Белоусов. За Украина сега би било многу поволно да се приклучи кон Царинската унија, смета тој.
„Ситуацијата во Украина е сега таква што без давање на кредит од овие или оние, од оваа или онаа страна, таа едноставно нема да може да ја одржи економската стабилност“, додаде Белоусов.
ЕУ министрите подоцна во текот на денот ќе се сретнат со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на Киев и го предупредија претседателот да не потпишува договори со Русија. Во истовреме се одржуваа и протести на поддржувачите на Јанукович.