Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ Обсервер: Со адреса на бандера, до пасош на ЕУ-како се купувале бугарски пасоши

0
By Нова ТВ on December 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалник запиша една бандера како адреса за Македонците кои во процесот на натурализација во Бугарија даваa поткуп за потврди за бугарско потекло, изјави Катја Матева во интервју за ЕУ Обсервер. Таа 11 години била директорка на одделот за државјанства при бугарското Министерство за правда.

– Илјадници луѓе се регистрирани на адреса на бандера, посочи Матева, која во Министерството работела до 2016 година, кога била отпуштена затоа што, како што таа тврди, одбила да учествува во измама.

Таа вели дека парите биле давани во готовo, среде бел ден, на улица, пред институција, во центарот на Софија.

Во едно претходно интервју, Матева рече дека отфрлила над 60 апликации за натурализација по предупредување од Интерпол. Потоа, во октомври беше уапсен претседателот на Државната агенција за Бугарите во странство Петар Харалампиев и уште дваесетина осомичени лица. Тој е осомничен дека продал илјадници лажни потврди за бугарско семејно потекло.

Сега матева вели дека апсењето не ја запрело измамата и оти сè уште се користат лажни потврди за добивање државјанство.

– Дојдов да апелирам за да запре оваа ужасна пракса, бидејќи се плашам, речиси сум сигурна, дека виновниците нема да понесат никаква одговорност, изјави Матева за ЕУ Обсервер.

Таа проценува дека за 11 години, колку што работела во Министерството, најмалку 5.000 луѓе годишно купувале лажна потврда за бугарско потекло. За тоа плаќале меѓу 500 и 700 евра, во зависност од имотната состојба. Мито не давале само оние кои мамеле за потеклото, туку и луѓе со легитимно барање морале да платат

– Сите платија. Никој не доби потврда без плаќање, а тоа не се државни такси. Цинично е тоа што државата тврди дека бугарското државјанство не чини ништо, бидејќи ништо не стасува во државниот буџет. Тоа е бесплатно, но мора да се плати под маса, тврди Матева.

Таа обвинува дека поединци од бугарската политичка елита профитирале од измамта и укажа на вицепремиерот Красимир Каракачанов, кој е лидер на бугарската националистичка партија ВМРО, дел од Владата на Бојко Борисов.

ЕУ Обсервер наведува дека не добиле коментар на обвинувањата од Матева ниту од партијата на Каракачанов, ниту од Министерството за правда.

Во написот се наведува дека во меѓувреме, новите државјани на Бугарија им се придружуваат на илјадниците други новопечени граѓани на ЕУ, кои тоа станале преку „златните пасошки шеми“ на Кипар, Унгарија и на Малта.

Кипар, во минатото им продаваше пасоши на богати Сиријци и Руси кои беа под санкции на ЕУ и САД, а Унгарија канализирала уплати од своите пасошки шеми преку офшор компании кои можеле да служат за плаќање провизии на корумпирани функционери, наведува ЕУ Обсервер,

Новинарката Дафне Каруана Галиција, која беше убиена минатата година, дојде до заклучок дека и високи функционери на Малта, вклучувајќи го и шефот на кабинетот на премиерот, се поврзани за провизии во пасошката шема.

афера бугарски пасоши Македонци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.