Слободни и фер избори и гласање во услови на мирна и атмосфера без притисоци, е пораката на Делегацијата на ЕУ за претстојните Локални избори во Македонија.
– Се надеваме дека сите граѓани ќе можат да го остварат своето демократско право и да гласаат во услови на мирна и нормална атмосфера без никакви притисоци.
– Слободни и фер избори се секако важни за ЕУ агендата, но пред се важни се за сите граѓани во земјата, вклучувајќи ги и политичките партии, истакнуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.