Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ подготвена да ја активира најстрогата санкција против Унгарија

0
By Светлана Јовановска on May 17, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија е подготвена да ја извади својата “атомска бомба” против Унгарија.

Европскиот парламент (ЕП) денес побара од земјите членки на ЕУ да ја почнат процедурата за санкционирање на Унгарија поради постојаните нарушувања на европските вредности. Мнозинството европски пратеници денес кренаа рака “за” активирање на членот 7 од Лисабонската повелба. А тоа значи дека тие бараат од земјите членки да ја активираат најзначајната европска санкција со која на Унгарија ќе и се одземе правото на глас во ЕУ.

Овој член одамна постои во европските повелби но досега никогаш не бил активиран.

Има повеќе причини за оваа лутина на ЕУ против Унгарија. Како нехуманиот третман на бегалците, заканите за укинување на Универзитетот на југо-источна Европа, анти-европската реторика на премиерот Виктор Орбан, третманот на медиумите, политичката зависност на судството итн.

Текстот што денес го одобри ЕП во кој се бара активирање на членот 7 беше поддржан од групата на либералите и социјалистите но поддршка дадоа и членови на демохристијанската Европската народна партија (ЕНП) и покрај тоа што Фидеш, партијата на Орбан е дел од оваа политичка група.

Претседателот на ЕНП Манфред Вебер излезе со друг текст во кој не се споменува членот 7 но тој негов став наиде на противење во редовите на неговата политичка демохристијанска група. Така, белгиските членови на оваа група гласаа за текстот на либералите и социјалистите а не за текстот на нивната партија.

Ќе биде без сомнение тешко да се активира овој член кој бара едногласност во гласањето на земјите членки. Но самиот чин во кој официјално се бара активирање на “атомската бомба” е без преседан и изразува надеж дека Будимпешта ќе се врати на патот на европските вредности пред да се продолжи со таа процедура.

Вкупно 393 пратеници гласаа за активирање на членот 7, 221 беа против и 64 воздржани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.