Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ размислува да воведе санкции врз руската нафта

0
By Biljana on March 21, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: sunsirs.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на ЕУ, заедно со нивните колеги за одбрана, ќе разговараат околу можни нови санкции против Москва.

До сега ЕУ усвои четири пакети санкции против Русија, но енергетскиот сектор, нафтата, јагленот и гасот, до сега беше поштеден.

Низа земји членки бараат сериозно да се разгледаат санкции во енергетскиот сектор.

Литванскиот министер за надворешни работи, Габриелиус Ландсбергис, порача дека не смее ЕУ да си дозволи да не покаже единство пред Русија во овој момент.

„Неизбежно е да почнеме да разговараме за енергетскиот сектор, дефинитивно нафтата бидејќи е најголем приход во рускиот буџет, а е лесно заменлив“, изјави шефот на литванската дипломатија.

На иста линија е и ирскиот министер за надворешни работи, чија земја не е многу зависна од руската енергија, кој изјави дека е отворен за оваа дискусија. Меѓутоа шефот на ЕУ дипломатијата, Жосеп Борел, и претседавач на денешниот министерски совет, не сакаше да коментира на оваа тема. Тој само кусо изјави дека ќе се разговара прашањето на денешниот состанок.

Францускиот министер, Жан Ив Ле Дриан, пред почетокот на состанокот се осврна исклучиво на ризикот за прехранбената индустрија на глобално ниво поради руско-украинската војна.

„Не се санкциите одговорни за овие дисфункционирања, туку војната, нема санкции во прехранбениот сектор, туку војната е причината, мораме да го земеме предвид овој нов податок“, рече Ле Дриан и предупреди дека е можна “страшна криза“ на глобално ниво.

И генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, на Твитер напиша дека на светот му се заканува криза на прехранбени производи поради војната во Украина.

Украина и Русија произведуваат повеќе од половина од основните житарици во светот, војната веќе има последици врз цените и набавките, кои највеќе ги погодуваат најсиромашните земји, пред сѐ во Африка и на Блискиот Исток.

(Извор: МИА)

руска нафта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.