Европскиот парламент (ЕП) даде денес зелено светло за изработка на нова законска регулатива против пушењето.
Амандманите на текстот, изгласан со 620 гласа “за“ и 42 “против“, предвидува за пет години да биде продолжен рокот за тотална забрана на цигарите со ментол. Предупредувањата на кутиите цигари ќе треба да покријат 65 отсто од површината на кутијата.
Денешното гласање најавува дека финалниот текст ќе биде усвоен во мај 2104 година.
Цигарите со ментол ќе ги снема од продажните места осум години по објавувањето на директивата во Службениот весник на ЕУ. Другите ароми на цигарите ќе бидат забранет три години по објавувањето.
Електронската цигара ќе може да се смета или за медицински производ или за тутунски производ според тоа која фирма ќе ја комерцијализира. Ако фирмата вели дека електронската цигара е превенција или лечи од зависност, продажбата на аа цигара ќе биде верификувана како медицински производ.
Но, ако таа се смета за тутунски производ тогаш нема да може да се рекламира, нема да може да се продава на малолетни лица а списокот на елементите што таа ги содржи ќе треба да биде одобрена од националните органи.