НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ воведе дополнителни санкции за поткопување на стабилноста на Судан

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за надворешни работи на Европската Унија на денешното заседание во Брисел донесе одлуки за проширување на листата на субјекти кои се предмет на рестриктивни мерки во врска со ситуацијата во Судан и ги одобри заклучоците за приоритетите на ЕУ во релевантните форуми за човекови права на ОН во 2024 година.

Со првата одлука се воведуваат санкции кон шест компании одговорни за поддршка на активности со кои се поткопуваат стабилноста и политичката транзиција во Судан, имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во земјата, каде се водат борби меѓу суданските Вооружени сили и паравоената формација Сили за брза поддршка (РСФ) и нивните сојузници.

Санкциите се воведени кон компаниите „Дефенс индустриски систем“ и „СМТ Инженеринг“, кои се занимаваат со производство на оружје и возила и кон „Меѓународната компанија за инвестиции Задна“, кои ги поддржуваат суданските Вооружени сили, како и кон фирмите „Ал Џунаид“, „Трејдив Џенерал“ и „ГСК Адванс“, кои се занимаваат со набавка на оружје за потребите на РСФ.

На санкционираните компании им се замрзнува имотот во ЕУ, а на поединци и субјекти од Унијата им се забранува директно или индиректно да им обезбедуваат или ставаат на располагање средства или економски ресурси.

Одлуката на ЕУ за воспоставување на Рамка за санкции кон физички и правни лица поради поткопување на стабилноста и политичката транзиција во Судан е донесена 9 октомври 2023 година, а дополнително следниот месец Унијата изрази „силна осуда“ на континуираните борби меѓу суданските Вооружени сили и РСФ и нивните сојузнички паравоени формации и изрази жалење поради „драматичната ескалација на насилството и непоправливата штета по човечките животи во Дарфур и низ целата земја, како и кршењето на Меѓународното право за човекови права и Меѓународното хуманитарно право“.

– ЕУ останува длабоко загрижена за хуманитарната ситуација во Судан и ја потврдува својата цврста поддршка и солидарност со суданскиот народ, се додава во одлуката на Советот.

Дополнително, Советот ги одобри заклучоците за приоритетите на ЕУ на форумите на ОН за човекови права во 2024 година, во кои се потврдува посветеноста на Унијата за заштита на човековите права, мултилатерализмот и меѓународниот систем за кривична правда во сегашното меѓународно опкружување, кое се карактеризира со вооружени конфликти, авторитаризам, дезинформации и мерки против родовата еднаквост.

– Во годината на Самитот на иднината, Советот ја потврдува посветеноста на ЕУ за ефективен мултилатерализам и зајакнување на системот за човекови права на Обединетите нации, вклучително и на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права, повикувајќи ги сите држави да ги почитуваат и целосно да соработува со неа. Советот ја нагласува подготвеноста на ЕУ да продолжи да ја следи состојбата со човековите права на глобално ниво и да ги осудува кршењата и злоупотребите на човековите права каде и да се појават и да преземе голем број иницијативи во меѓународните форуми. ЕУ ќе поддржи независни истраги за кршење и злоупотреба на човековите права, со цел сторителите да бидат повикани на одговорност, се наведува во заклучоците.

При тоа, ЕУ го реафирмира своето силно противење на смртната казна, тортурата и секое друго сурово, нехумано или понижувачко постапување или казнување, својата поддршка на функционирањето на демократските институции, на борбата против корупцијата, дискриминацијата и расизмот и на слободата на вероисповед, изразување и мислење, како и заложбата за промоција на родовата еднаквост.

ЕУ санкции Судан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.