Украина мора да се соочи со сакции бидејќи нередите во Киев излегоа од контрола. По консултaциите на релација Берлин-Париз-Варшава, од седиштето на ЕУ соопштуваат дека дека за Украина се воведуваат санкции за забрана на издавање на визи и блокирање на имотот на тие што се одговорни за насилството во земјата.
-Одлуката ќе започне да се применува многу брзо, во наредните неколку саати. Санкциите се однесуваат на забрана за издавање на визи и замрзнување на имотите на тие што извршиле насилство, изјави шефицата на италијанската дипломатија Ема Бонино, по вонредниот состанок на шефовите на дипломатијата на земјите на ЕУ, јавува Дојче Веле.
Бонино потенцира дека одлуката е донесена во координација со тројцата министри кои преговараат во Киев, и во наредните неколку часа ќе биде спроведена.
Štajnmajer и Шикорски
На оваа одлука и претходеле консултации со претседателот Јанукович и со лидерите на опозицијата. Целта е, како што се наведува во Брисел, што побргу да заврши насилството по улиците на Киев и да се започне со решавање на политичката криза во земјата.
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска -Frank-Valter , Loran Fabijus и Радослав Шикорски останале во Украина повеќе од тоа што планирале, за да преговараат со властите за да се смири ситуацијата во Киев и да се излезе од кризата.