Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуроактив: Екстремните десничари ги потиснуваат либералите како трета политичка сила во ЕУ

0
By Ана Василевска on January 15, 2024 АНАЛИЗА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европска народна партија (ЕПП) и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и натаму ќе бидат двете најбројни политички групи во Европскиот парламент, но по три и пол децении либералите ќе ја загубат „титулата“ трета партија по бројност, бидејќи ќе бидат потиснати од екстремно десничарската групација Идентитет и демократија (ИД), покажуваат најновите резултатите од истражувањето на аналитичкиот центар на „Еурактив“ во пресрет на јунските евроизборите.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската народна партија (ЕПП), која ги обединува демохристијанските, либерално-конзервативните и конзервативните партии од десниот центар, според оваа анкета, би освоила 23,5 отсто од гласовите и 178 места во ЕП. Партиите членки на ЕПП би освоиле најмногу гласови со Бугарија, Германија, Грција, Летонија, Полска, Словенија, Финска, Хрватска и Шпанија, а дополнителни два мандати би и донела романската Партија на народното движење (ПМП), која на претходните истражување беше под изборниот праг.

Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) одново би била втора по бројност група во Европарламентот со 18,3 проценти од гласовите и 143 мандати, предводени од Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) со 21, италијанската Демократска партија со 17, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 14 и Шведската социјалдемократска партија (С) со 12 пратеници. Членките на СД би освоиле најмногу гласови во Белгија, Литванија, Малта, Романија и Шведска.

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) изразува разочаруавње поради бугарската блокада на стартот на преговорите за членство Северна Македонија во ЕУ, порачувајќи дека политичката мудрост

Идентитет и демократија (ИД), пак, би се зацврстила на третото место со 12,5 отсто од гласовите и 93 мандати. Интересно за овој блок е што сега водечката партија во него, Лигата на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, не само што ја губи таа позиција, туку со осум европратеници би била дури четврта политичка сила во овој блок, зад францускиот Национален собир (РН) со 27, Алтернативата за Германија (АФД) со 21 и холандската Партија на слободата (ПВВ) со 12 мандати. Членките на ИД би биле водечки партии во Австрија, Естонија, Франција и Холандија.

Либералниот блок Да ја обновиме Европа (РЕ), предводен од партијата Ренесанса (РЕН) на францускиот претседател Емануел Макрон, би освоил 10,3 проценти од гласовите и 84 европратеници, што би било 24 мандати помалку во споредба со претходните избори во 2019 година. На сите евроизбори од 1989 година либералната групација секогаш беше трета сила во Европскиот парламент. Единствена земја во ЕУ во која во јуни би победила либерална партија е Чешка.

Национал-конзервативната Европска партија на конзервативците и реформистите (ЕЦР), иако ќе биде четврта според бројот на освоени гласови (10,9 отсто), сепак би добила 80 пратенички места, што би ја рангирало на петтото место според освоените мандати. Водечки партии во овој блок се Браќа на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, полската Право и правда (ПИС) на Јарослав Качињски и шпанската Вокс. ФДИ воедно би била единствената членка на ЕЦР, која би освоила најмногу гласови во држава на Унијата (Италија).

Италијанската крајнодесничарска партија „Италијански браќа“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во

Исто како и либералите, и Зелените би освоиле 24 места помалку отколку во 2019 година и со 6,8 отсто од гласовите би добиле 50 мандати, продолжувајќи го трендот на пад на поддршката на анкетите.

Од друга страна, членки на групата Левица би победиле во Ирска и Кипар, но послабите резултати во останати земји, со вкупно 5,9 проценти гласови, би довело да намалување на бројот на нејзините европратеници на 37. Најбројна партија во групата би останала Непокорна Франција (ЛФИ) со седум мандати.

„Светла точка“ на последниве две групации е италијанската коалиција Зелено лева алијанса (АВС), која, според оваа анкета, би го минала изборниот праг од четири отсто и би освоила пет европратеници, од кои тројца би биле дел од Зелените, а двајца од Левицата.

Унгарската Влада донесе одлука да го зголеми бројот на полицајци и војници на границата со Србија поради зајакнат притисок од страна на мигрантите, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Ор

Партиите кои не припаѓаат на ниту една политичка групација, како и независните кандидати, би освоиле 11,6 отсто од гласовите или 142 пратенички места и би победиле во Словачка и Унгарија. Станува збор за левичарската националистичка и популистичка партија Насока – Социјална демократија на словачкиот премиер Роберт Фицо, која беше исклучена од СД, и десно популистичката и национал-конзервативна Фидес – Унгарска граѓанска алијанса (Фидес) на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која ја напушти ЕПП.

Во вакви услови, ИД и ЕЦР, заедно со Фидес и француската десничарска Повторно освојување (Р!) на Ерик Земур, би имале 367 европратеници и би можеле да го сочинуваат т.н. „блокирачко мнозинство“ во Европскиот парламент, особено за регулативи поврзани со животна средина и Зелениот договор.

Кон ова „блокирачко мнозинство“ мнозинство би можеле да се приклучат и дел од европратениците од ЕПП, кои исто така имаат резерви кон некои еколошки решенија, кои пред се ги форсираат партиите од левиот спектар.

Генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас во едно интервју лани во септември оцени дека еколошките политики на ЕУ по изборите ќе треба повеќе да се засноваат на „прагматизам“, алудирајќи на идеите за отстапување од некои од поставените цели на зелената транзиција.

Престанете да зборувате за тоа и почнете да го правите тоа“, напиша групата на Твитер.

Тој додаде и дека очекува во идниот состав на Европарламентот да опстои „про-ЕУ коалицијата“ на ЕПП, СД, либералите и зелените.

– Мислам дека ЕПП, социјалистите, либералите и зелените се политички елементи во ЕУ кои гарантираат дека нашата Унија се движи напред во вистинската насока, изјави Баколас.

Тој ја отфрли можноста за соработка на ЕПП со ИД или ЕЦР, иако некои од нејзините членки на национално, регионално или локално ниво коалицираат со партии од двете десничарски групации.

Претседавачката на СД, Ираче Гарсија Перез во изјава на шпанската агенција ЕФЕ викендов ја обвини ЕПП дека нејзините партии членки со своето однесување и постапки ја „нормализираат екстремната десница“, создавајќи „последици за граѓаните на ЕУ“.

Според неа, причина за ваквата состојба е „политиката на постизборни сојузи“ на членките на ЕПП со екстремно десничарските партии, „заменувајќи ги традиционалните сојузи на проевропските сили“ кои досега беа реалност. – Во 2023 година видовме дека ЕПП ги отвора вратите и ја нормализира екстремната десница, додаде Гарсија Перез.

Европа екстремна десница еуроактив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
ФОКУС

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

ВЕСТИ October 12, 2025

Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за…

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.