Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секој ден по еден Русин со бугарски пасош, односно 356 минатата година

0
By Ана Василевска on April 11, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош, односно вкупно 356 во 2022 година, според партнерот на Еуроактив Бугарија – Segabg.com, кој се повикува на податоци од кабинетот на претседателот на државата.

Во 2022 година вкупно 7.410 лица стекнале државјанство врз основа на бугарско потекло, родител – бугарски државјанин  или општа натурализација. Бугарско државјанство им било вратено на 2.660 лица. Натурализацијата им била откажана на 13 лица поради разни прекршувања.

Бугарското државјанство на 247 лица им е одземено со декрет. Оваа категорија ги вклучува Бугарите кои трајно се населиле во друга земја и побарале да добијат државјанство, бидејќи Софија не дозволува двојно државјанство.

Овие поранешни бугарски државјани земале пасоши од различни места, меѓу кои и Белорусија и Русија. Други станаа државјани на Велика Британија, Германија, Шпанија, Холандија, Полска, Северна Македонија и САД.

Од 2022 година, Бугарија издаде забрана за таканаречените „златни пасоши“, кои се даваат во замена за големи инвестиции во земјата, а околу 40 отсто од овие 105 златни пасоши добиле Руси.

Откако Бугарија минатата година одлучи да ги забрани златните пасоши, не се издадени декрети за златни пасоши, се вели во извештајот на Претседателството. Во 2021 година биле дадени девет златни пасоши. Сепак, осум лица станале Бугари по заслуга во 2022 година, сите спортисти, наведува Еуроактив.

Сепак, трендот не е променет од руската инвазија на Украина.

Во 2021 година 479 руски државјани добиле бугарски пасоши. Годината пред тоа, бројката била 485. Понатаму, над 300.000 имоти се во сопственост на Руси во Бугарија, главно покрај нејзиниот брег, покажуваат податоците од 2019 година.

Русите се само на седмото место меѓу луѓето кои добиле бугарско државјанство минатата година, а во групата предничат Македонците (1.992), потоа Украинците (1.639), Турците (1.290), Србите (556) и Албанците (517). Молдавците се исто така повеќе од Русите (476).

Во 2021 и 2020 година, бугарско државјанство добиле соодветно, 7.696 и 9.098 Македонци, 1.547 и 1.926 Украинци, 1.269 и 997 Албанци, 1.145 и 899 Турци, 1.127 и 1.221 Срби, Молдавци – 2023 и 1.221

бугарски пасоши еуроактив Руси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.