Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуроиталија: Вработените беа известени за принудниот одмор преку огласна табла

0
By Менче Атанасова Точи on April 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од болницата „Еуроиталија“ тврдат дека се невистинити тврдењата на медицинскиот персонал дека не биле претходно информирани од страна на раководството дека ќе бидат испратени на принуден одмор и тврдат дека одлуката била закачена на огласна табла, а бидејќи не сакале да ги примат решенијата им биле пратени по пошта

Од болницата „Еуроиталија“ тврдат дека се невистинити тврдењата на медицинскиот персонал дека не биле претходно информирани од страна на раководството дека ќе бидат испратени на принуден одмор. Полномошникот, адвокат Трајче Саздов кој ја застапува болницата бидејќи сопстеникот Алберто Де Лука живее во Италија, информира дека тоа е сторено по прогласувањето на вонредната состојба на 20 март годинава.

„ Самиот документ Одлука за испраќање на вработените на принуден одмор поради настанатата состојба со вирусот која воедно е донесена со согласност на Медицинскиот директор на установата беше видно истакната на огласна табла (истата ја доставуваме во прилог на ова известувањето). Работниците одбиле да ги примат решенијата, па заради тоа истите се испратени по пошта со цел уредно да бидат примени, како би можеле да го остварат своето право на приговор кое им е загарантирано со закон“, се вели во соопштението од Еуроиталија.

Понатаму во текстот се вели: „Би сакале да потенцираме дека согласно податоците на Светската здравствена организација Италија е една од најподените држави од КОВИД-19 вирусот со 178.000 случаи на заболени до моментот и преку 23.000 починати лица, но и со големи финансиски загуби во економијата, за што ќе следи подолг период на опоравување. До настанување на кризата заради пандемијата од КОВИД-19, на сите вработени во ПЗУ ЕУРОИТАЛИЈА Општа Болница – платата е редовно и навремено исплаќана и менаџментот на болницата се надева дека набрзо ситуацијата ќе се нормализира и дека вработените ќе продолжат со редовно извршување на работните обврски и задачи.

Сакаме да истакнеме дека во болницата нема инфективно одделение и вработени лекари инфектолози, ниту пак е направена некаква обука за работење во ваква состојба од страна на надлежните институции на медицинскиот персонал, па евентуалното работење со полн капацитет и со пациенти кои ги имаат симптомите на КОВИД-19 би можело само да го загрози здравјето на другите пациенти, како и на вработениот медицински персонал. Со цел да се излезе во пресрет на пациентите и покрај намалениот интензитет на работа, болницата гарантира 24 часовна здравствена заштита, организирана во дежурства.

До овој момент немало никакви најави за мерки од страна на надлежните институци и кои би го поддржале и помогнале работењето на приватните здравствени установи кои во овој период имаат намален број на пациенти или воопшто немаат пациенти заради препораките да се третитараат само итните и неодложни случаи.

Исто така, важно е да нагласиме дека ПЗУ ЕУРОИТАЛИЈА СКОПЈЕ не користи средства од државата како други приватни здравствени установи кои се дел од мрежата на здравствени установи и дека се финансира единствено од сопствени приходи, а доколку надлежните инситуции сметаат дека имаат потреба од капацитетите на здравствената установа може да понудат истата да стане дел од мрежата на здравствени установи и да склучи соодветен договор со Фондот за здравстено осигурување, како би се уредил начинот на финансирање.“, се вели во соопштението од болницата Еуроиталија, потпишано од Адвокат Трајче Саздов.

Медицински персонал во НОВА  се жалеше дека се испраќаат на привремен принуден одмор и дека Решенијата ги добиле по пошта, без претходно да бидат информирани. Реагираше премиерот Спасовски кој најави дека мора да се испита случајот и дека „секој вработен е важен и никој не смее да профитира во оваа ситуација“.

По ова ДСЗИ направи вонреден инспекциски надзор, а вработени најавија дека ќе се обратат и до Трудовата инспекција. Се пожалија дека немаат земено плата за март, ниту К-15 за минатата година. А со Решенијата дел од персоналот е испратен на принуден одмор со 50 проценти од платата, дел со 70 проценти и тие се обврзани да дежураат во одредени денови.

Во меѓувреме, НОВА дознава дека вработените биле свикани на состанок во болницата, каде што им било ветено дека плата ќе добијат на крајот на април или почетокот на мај.

„Ни соопштија дека ќе има и нови договори, нема да важат старите. Кажано ни беше дека ќе не викнат следната недела да ги потпишеме новите договори, а ако не сакаме, да си дадеме отказ“, тврдат вработени од болницата за НОВА.

Од свеченото пуштање во употреба на болницата

Неофицијално, болницата се продава. Наводно нема доволно приход, а сопственикот кој е италијански државјанин уште долго нема да дојде во државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.