Три лица загинаа, а 13 се поврдени откако во станбена зграда во Париз одекнала експлозија , најверојатно предизикана од напад со молотов коктел.
Пожарот го зафатил третиот кат од зградата, а луѓето во паника почнале да скокаат од прозорците.
Според изјави на жители од зградата пожарот се проширил откако непознато лице фрлило молотов коктел по тепачка со станарите.
Поради закана од бомба била евекауирана Ајфеловата кула. Откако анонимен јавувач се заканил дека во кулата е поствена бомба, а 1400 туристи морале да се евакуираат.
Француската полиција ја пребарала кулата со кучиња трагачи, но не биле најден експлозив.
Француските власти ги зголемија мерките на безбедност во последно време, по заканите добиени поради воената кампања против борците на Мали поврзани со Ал Каеда, која започна пред два месеца.