Музејот на Акропол во Атина денеска беше евакуиран откако Грчките власти добиле дојава за подметната бомба, соопшти полицијата.
Во соопштението од полицијата се вели дека непознат маж се јавил во редакцијата на еден грчки дневен весник и пријавил дека во музејот има бомба која ќе експлодира за 40 минути.
По дојавата во музејот пристигнале експерти за деактивизација на експлозивни направи, но по истрагата се констатирало дека дојавата била лажна.