Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евроинтеграцискиот процес на Македонија во ќор-сокак, главен виновник – Владата на Мицкоски

0
By Marija Todorovska on June 19, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарскиот претседател Румен Радев негираше дека Бугарија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, потсетувајќи на обврските кон билатералните договори, додека македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова побара од Софија „солидарност, а не историски ревизионизам.“

Дестан Јонузи

Процесот на европска интеграција на Северна Македонија повторно се соочи со значајни пречки, кои јасно се отсликаа во дискусиите околу Извештајот за напредок што Европскиот парламент се очекува да го усвојува на 24 јуни.

Европратеникот од Бугарија, Станислав Стојанов од групата „Европа на суверените народи/Преродба“, изрази длабока загриженост за процесот, оценувајќи го не само како неправеден, туку и како компромитиран поради протекување на информации од трети страни, кои сами по себе требало да бидат предмет на извештајот. Оваа ситуација го става Европскиот парламент во многу тешка позиција и претставува предизвик за репутацијата на оваа демократска институција.

По одложувањето на гласањето во Комитетот за надворешни работи на 4 јуни, гласањето за извештајот се очекува да се одржи на 24 јуни, а во пленарна седница во јули, што ја држи европската перспектива на Скопје во неизвесност.

Во ваква клима, данската министерка за евроинтеграции, Мари Бјер, од претстојното претседателство на Европската Унија, при вчерашната посета во Скопје, повика да се искористи „моментот на проширување“, истакнувајќи дека напредокот на земјата е возможен само доколку се исполнат објективни и мерливи услови, покажувајќи поддршка за реформите во Северна Македонија.

Истовремено, македонскиот министер за евроинтеграции, Орхан Муртезани, потенцираше дека процесот на интеграција не смее да се „билатерализира“ и треба да се одвива врз демократски основи, според критериумите од Копенхаген, кои ги штитат европските стандарди и принципи.

Во позадина на овие случувања, премиерот Христјан Мицкоски најави барање за директен состанок со бугарското државно раководство на НАТО – Самитот во Хаг. Тој бара повлекување на спорните амандмани за „македонскиот идентитет и јазик“ во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Бугарскиот претседател Румен Радев негираше дека Бугарија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, потсетувајќи на обврските кон билатералните договори, додека македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова побара од Софија „солидарност, а не историски ревизионизам.“

Зошто сега уставни измени! Многу фактори влијаат на позитивниот епилог на европска Македонија

– Политичката ситуација во Бугарија останува нестабилна, со техничка влада и блиски избори, каде националистичките сили го нагласуваат прашањето за „историјата и идентитетот“, ризикувајќи внатрешен консензус.

– Проектот Коридор 8 останува важна можност за намалување на тензиите, носејќи економски придобивки и нови работни места, но претходните задоцнувања покажуваат дека геополитиката често ги надминува инфраструктурните интереси.

– Меѓународната поддршка, особено од САД и Германија, кои очекуваат решавање на билатералните прашања пред есенва, за да се избегнат блокади на евроатлантската агенда.

Стратегијата на Скопје, фокусирана на „конструктивен тон“, конкретни рокови и економски стимуланси е само популизам. Но, одржливиот успех ќе зависи од политичката волја на Бугарија да го прифати затворањето на прашањата за идентитет и јазик во рамките на постојните договори и од спремноста на македонската влада да ги донесе уставните измени.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

ЕУ Мицкоски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.